ПО ТРИ МАНДАТИ НА ТАЛЕСКИ, ПРАТЕНИКОТ ЗОРАН ИЛИОСКИ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БИТОЛА

    ПО ТРИ МАНДАТИ НА ТАЛЕСКИ, ПРАТЕНИКОТ ЗОРАН ИЛИОСКИ КАНДИДАТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БИТОЛАПратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски (лево) за време на организираниот напад на Собранието на 27 април (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот Зоран Илиоски ќе биде кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери за Битола, соопшти партијата на својата интернет страница. Илиоски како пратеник е  претседател на Комисијата за избор и именување во Собранието, поранешен директор на ЈП „Водовод“ во Битола, по професија електротехнички инженер.

    Илиоски повеќе од десет  години е функционер од ВМРО ДПМНЕ. Прво беше директор на „Водовод“ од Битола, советник, координатор на општинскиот комитет на партијата, а последните три години и пратеник во Собранието. Неговата сопруга е вработена во Агенцијата за електронски комуникации, а сега и синот во МВР.

    Вработувањето на неговиот син како приправник во одделението за економски и компјутерски криминал во битолската полиција минатата година ја разбранува јавноста, зашто се случи без претходно распишан оглас. Тогаш Илиоски ни изјави дека и неговиот син има право да биде вработен, а портпаролот на СВР рече дека законот на МВР дозволува вработување без оглас.

    Таткото на пратеникот Томе Илиоски подолго време е  претседател на Здружението на пензионери во Битола.

    По три изборни циклуси ова е првпат ВМРО-ДПМНЕ да кандидира друг битолчанец за градоначалник освен Владимир Талески. Сегашниот кандидат Илиоски јавно истапи во одбрана на Талески кога за случајот „Транспортер“ му беше изречен куќен притвор.

    На прес конференција тој изјави дека Талески е еден од најуспешните градоначалници во Македонија, а дека според сценариото на СДСМ  треба да биде дискредитиран во политички инструирана постапка од СЈО.

    Противкандидат на Илиоски за градоначалничката функција во Битола ќе му биде професорката по математика Наташа Петровска, долгогодишен советник од СДСМ во битолскиот Совет, за чие име не се поврзани афери и непотизам.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари