ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЉУБЉАНСКА ВО КАРПОШ, НАЕСЕН ПРОБИВАЊЕ НА МОСТОТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ СО СКУПИ

    ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ЉУБЉАНСКА ВО КАРПОШ, НАЕСЕН ПРОБИВАЊЕ НА МОСТОТ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ СО СКУПИКако што најави градоначалникот Петре Шилегов градежните работи ќе траат 20 дена, а реновирањето на оваа улица чини 6 милиони денари.(Фото: Град Скопје)

    Град Скопје денеска почна со реконструкцијата на улицата Љубљанска, кај ТЦ „Сити мол“. Ќе се менува стариот и оштетен асфалт во должина од 440 метри, а ќе се реновираат и пешачките патеки.

    Како што најави градоначалникот Петре Шилегов градежните работи ќе траат 20 дена, а реновирањето на оваа улица чини 6 милиони денари. По завршување на градежните работи, на овој дел ќе се прави нов парк.

    „Во договорите со градежните фирми услов е да се работи по 16 часа на ден за да може побрзо да се завршат работите. На есен ќе почнеме и со изградба на мостот од улицата Љубљанска преку Вардар до улицата Скупи. Во моментов се проектира оваа нова сообраќајница, која ќе биде еден од капиталните проекти за поврзување на двете страни на градот“, рече Шилегов.

    Од Град Скопје велат по завршување на градежните работи на улицата Љубљанска, ќе се продолжи со реконструкција на улицата Московска.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари