ПОВЕЌЕТО СЕЛА ВО СТРУШКО И ДЕБРЦА ВТОР ДЕН БЕЗ СТРУЈА, ДЕЛ ОД КУЌИТЕ СЕ ПОПЛАВЕНИ, А НЕМА НИ ТЕЛЕФОН НИ ИНТЕРНЕТ

    ПОВЕЌЕТО СЕЛА ВО СТРУШКО И ДЕБРЦА ВТОР ДЕН БЕЗ СТРУЈА, ДЕЛ ОД КУЌИТЕ СЕ ПОПЛАВЕНИ, А НЕМА НИ ТЕЛЕФОН НИ ИНТЕРНЕТПоради вчерашниот дефект во високонапонската мрежа на 110 киловатните далекуводи на МЕПСО, без струја бра Охрид, Струга, Ресен и Дебар. (Фото: МЕПСО)

    Втор ден се без струја поголем дел од струшките села на планинскиот потег на Јабланица, Дримкол, Малесија, Галичник и Општина Дебарца, откако вчера поради обилните врнежи од снег настана испад од мрежата на два далековода на АД МЕПСО. Дефектите се санираат, а од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека состојбата постепено се стабилизира.

    Дел од куќите на Мислешевски пат во Струшко, поради дождот и топењето на снегот се поплавени. Дополнителен проблем за жителите е и што нема телефонска мрежа и интернет.

    „Има проблем во Струга поради поплавување од површински води во Мислешевски пат. Имавме дојави за поплавување на дворови и помошни објекти од дождовите. Но, генерално земено, состојбата се подобрува и се санира. Проблемот со електронапојување е најактуелен и со најголеми последици“, вели Митко Темелкоски, раководител на ЦУК.

    Патиштата до некои села на повисоките места сè уште се во лоша состојба и непроодни, но Планинската спасителна служба досега не добила повик за помош од завеани граѓани. Од таму велат дека се подготвени да интервенираат.

    „Има отсечени села, кои сè уште немаат струја и во Струшкиот Регион и во Дебрца, но засега никој нема побарано помош. Се надеваме дека е сè во ред со жителите кои живеат таму. Вообичаено е тие да се подготвени, бидејќи во текот на зимата знаат со какви проблеми се соочуваат“, вели Антонио Додески од Планинската спасителна служба.

    Поради вчерашниот дефект во високонапонската мрежа на 110 киловатните далекуводи на МЕПСО, Вруток-Шпиље и Битола-Ресен неколку часа без електрична енергија останаа Охрид, Струга, Ресен и Дебар.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира