ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 Е КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КУМАНОВО, АКТЕРОТ ТОНИ МИХАЈЛОВСКИ

    ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 Е КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КУМАНОВО, АКТЕРОТ ТОНИ МИХАЈЛОВСКИМихајловски ќе биде 10 дена во изолација, се заразил иако е вакциниран. (Фото: Фејсбук)

    Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, актерот Тони Михајловски е позитивен на ковид-19. Тој информацијата вечерва ја сподели со јавноста преку видеопорака на Фејсбук. Тој објави дека е вакциниран и ги почитувал сите мерките за заштита на здравјето, но сепак се заразил.

    „Почитувани пријатели, за жал, мора да ве известам дека ќе бидам во 10-дневна изолација, бидејќи на моето денешно тестирање од ковид-19 излегов позитивен, иако ги почитував сите мерки и протоколи, сепак дојде до оваа несакана ситуација, само се надевам дека нема да ескалира“, кажа Михајловски.

    Тој го поздрави својот тим кој е на терен во изборната кампања и му кажа дека на локалните избори на 17 октомври ќе извојуваат „голема победа која што Куманово ја заслужува“.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира