ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА ЗА ЗГРАДА И ХОТЕЛ НА ПАРТИЈАТА НА ЅИНГО ВО СКОПСКО ТАФTАЛИЏЕ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГОЕВ ЈА СОПРЕ ИЗГРАДБАТА

    ПРЕДИСТРАЖНА ПОСТАПКА ЗА ЗГРАДА И ХОТЕЛ НА ПАРТИЈАТА НА ЅИНГО ВО СКОПСКО ТАФTАЛИЏЕ, ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОГОЕВ ЈА СОПРЕ ИЗГРАДБАТАСо измените на Деталниот урбанистички план Тафталиџе 1 кои беа донесени на спорната седница на 5 јануари 2016 година, на местото кадешто сега се наоѓа објектот Дом на култура, до основното училиште Јан Амос Коменски, вцртана е маркичка за зграда на 6 ката плус поткровје и веднаш до неа хотел на пет кат.- Градоначалникот Стефан Богоев ја стопираше изградбата на објектите додека трае постапката на Обвинителството (Фото:Општина Карпош)

    Стопирана е изградба на зграда и хотел во општина Карпош каде како инвеститор се јавува Социјалистичката партија на Љубисав Иванов-Ѕинго бидејќи Обвинителството води предистражна постапка за таа локација, кажа денес градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

    Со измените на Деталниот урбанистички план Тафталиџе 1 кои беа донесени на спорната седница на 5 јануари 2016 година, на местото кадешто сега се наоѓа објектот Дом на култура, до основното  училиште Јан Амос Коменски, вцртана е маркичка за зграда на 6 ката плус поткровје и веднаш до неа хотел на пет ката. Како сопственик на земјиштето се јавува Социјалистичата партија, која по неколкугодишен спор со Општината ја добива парцелата во своја сопственост.

    Потоа следи измена на планот Тафталиџе 1 и на местото на објект со намена култура на три ката, се вцртува маркичка за зграда и хотел со дупло поголема висина и зголемен габарит.

    Откако надлежното обвинителство побарало списи за градежната парцела од Општината потребни за предистражната постапка, градоначалникот Стефан Богоев ја сопрел постапката односно побарал од инвеститорот жиро-сметка да им ги врати парите кои ги уплатиле за комуналии и им дал објаснување дека не може да издаде градежна дозвола додека трае постапката на Обвинителството.

    „На 20 февруари до инвеститорот Социјалистичка партија и фирмата ‘Гренадер ДООЕЛ‘ испратив допис во кој ги известувам дека се води предистражна постапка за таа градежна парцела и побарав жиро-сметка за да им се вратат уплатените пари. Овој потег го направив за во иднина да не трпи штета никој, бидејќи не знаеме каков ќе биде исходот од истрагата. Инвеститорите не доставија жиро-сметка односно побара одобрение за градба. Но тоа не може да го добијат. Исто би постапиле и во секој друг случај, независно за кого се работи. И да има спор на некој граѓанин ние нема да му дадеме дозвола за градба додека тој не се реши. Така постапивме и во овој случај и сакам да потенцирам дека нема никаква политичка позадина во овој случај“, вели градоначалникот Богоев.

    Парите за комуналии инвестирите ги уплатиле на 14 ноември 2017 година, а пресметката им била доставена од ексградоначалникот Стевчо Јакимовски на 26 октомври 2017 година.

    Од Обвинителството не добивме одговор за каква постапка се работи бидејќи не сакаат да коментираа предмети кои се во фаза на истражна постапка.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира