ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ЗА ВОДОВОД НА СКОПЈЕ И БУДИМПЕШТА СО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ НА ВОДА

    ПРЕТПРИЈАТИЈАТА ЗА ВОДОВОД НА СКОПЈЕ И БУДИМПЕШТА СО ЗАЕДНИЧКИ ПРОЕКТ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ НА ВОДАПроектот вклучува значајно намалување, континуиран мониторинг на загубите на водата и идентификација на причините за дефекти на цевките.(Фото: СДК.МК.)

    ЈП „Водовод и канализација“ со помош на „Водовод Будимпешта“ доби грант од 122.000 евра за реализација на проекти за ефикасно водоснабдување и откривање на загубите на вода. Грантот е добиен од Вестерн Балканс Грин Центар, инструмент основан во Унгарија за поддршка на зелената транзиција во земјите од Западен Балкан.

    Проектот со кои аплицирање претпријатието од Скопје е насловен „Намалување на ефектите од климатските промени, зголемување на ефикасноста на водоснабдувањето, употребата на енергија, планирање на реконструкции  и обезбедување на непрекинато водоснабдување во определени зони во Скопје, главниот град на Северна Македонија“,

    Проектот, во согласност со целите на Парискиот Договор за климатски промени, вклучува значајно намалување, континуиран мониторинг на загубите на водата и идентификација на причините за дефекти на цевките.

    „За целите на проектот се формирани тимови од двете страни, ЈП ‘Водовод и канализација‘ и ‘Водовод Будимпешта‘, составени од стручни лица, претставници на повеќе сектори. Дел од активностите ќе се одвиваат онлајн, а останатиот дел, повторно согласно условите и со физичко присуство и практична изведба. Во проектот се предвидени 6 фази за реализација. Првата фаза вклучува одредување на простор кој ќе се истражува, анализа на локација, ревизија на нефактурираната вода, како и енергетска ревизија на целиот водоснабдителен систем. Во втората фаза ќе се постави апаратура за собирање на податоци за притисокот и водомерите поставени во одредената област, со цел формирање на база на податоци за понатомошно изведување на истражувањето. Третата фаза вклучува откривање на скриени истекувања, односно губитоци на вода, пукнатини на цевките, одредување на точната локација на овие случаи. Четвртата фаза вклучува прибирање на податоци, поправка на грешки, евалуација, планови за реконструкција, едукација“, велат од ЈП „Водовод и канализација“.

    Целта на проектот, во согласност со целите на Парискиот Договор за климатски промени, вклучува значајно намалување, континуиран мониторинг на загубите на водата и идентификација на причините за дефекти на цевките.

    А. АНТЕВСКА

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира