ПРИЛЕПСКИТЕ БРАНИТЕЛИ  НА ПИТАЧКИ СТАП

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ПРИЛЕПСКИТЕ БРАНИТЕЛИ  НА ПИТАЧКИ СТАП

    Прилепските резервисти учесници во воениот конфликт во 2001, членови на Здружението на резервни воени обврзници, се соочуваат со сериозни социјални проблеми и по 15 години од тогаш. Само 5-мина од над 1.200 бранители се во редовен работен однос. Многу мал дел успеваат да најдат работа во приватните фирми, каде добиваат минимална плата. Државата нема слух за нивните барања, особено од 2007 наваму зашто, како што велат од Здружението, не се членови на владејачката партија, па не ги уживаат привилегиите на други бранители.

    „Немаме пари за лекување, еден колега, кој што се наоѓа во тешка здравствена состојба, додека беше хоспитализиран на клиниката во Скопје, немаше пари, да му го плати патот на своето дете, да го види во миговите кога му е најтешко“, вели Рубин Секулоски, претседателот на здружението, кој како татко на 3 деца, работи во приватна фирма, и едвај обезбедува егзистенција за семејството.

    Вели дека колегите за да преживеат собираат пластични шишиња по контејнерите. Но, тој верува и дека дел од нив собираат од почистата храна која што се фрла во отпадот.

    „Луѓето се на питачки стап, немаат пари за живот, зарем за тоа застанавме во одбрана на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија, тогаш кога на државата ѝ беше најтешко. Никој не е згрижен. Едни немаат храна, други ни храна ни стан, трети немаат ни пари за лекување, а болестите веќе сериозно им го одземаат здравјето. Многу починаа од пострауматски шок, многу други заболеа од рак, дел извршија самоубиство. А државата остана нема“; вели Секулоски.

    Сите влади немаат слух за нивните барања.

    „И од новата влада ќе бараме исто, Меморандумот за соработка е тука. Основни се четири барања, работа, здравство, образование, социјална заштита. Нека ни обезбедат, еднаш конечно. Јасно ни е по сите овие години, дека сме биле манипулирани, дека сме биле цел на нечии интереси, дека сме жртви на нечии политики. Но, ние сме луѓе, со семејства и обврска на државата е да се грижи, за нас пред сѐ“, вели Секулоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира