ПРИВЕДЕНИ 4 ЛИЦА, А УШТЕ ПО ЕДНО СЕ ТРАГА ПО СИНОЌЕШНАТА ОРУЖЕНА ПРЕСМЕТКА ПРЕД ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА

    ПРИВЕДЕНИ 4 ЛИЦА, А УШТЕ ПО ЕДНО СЕ ТРАГА ПО СИНОЌЕШНАТА ОРУЖЕНА ПРЕСМЕТКА ПРЕД ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦАНа оружената пресметка пред Клиничката болница ѝ претходела вербална расправија и тепачка која се случила дента околу 11 часот. (Фото: СДК.МК)

    Tетовската полиција доцна синоќа ги лишила од слобода четворицата учесници во
    оружената престрелка пред Ургентното одделение на Клиничката болница во Тетово, а по
    петтиот учесник во инцидентот сè уште се трага.

    „Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (11 јануари) во 23.10 часот во
    Тетово ги лишиле од слобода Р. Т. (35) и М. Т. (44) од Тетово, а пред тоа и 55-годишната тетовка
    Ш. Е. и Н. М. (39) од Тетово поради сомнение за нивна инволвираност во вчерашното пукање со
    огнено оружје пред Ургентен центар на тетовската Клиничка болница кое се случило околу 18
    часот. Во престрелката со тешки телесни повреди, прострелни рани се здобиле А. М. (41) и
    З. М. (36) од тетовското село Гајре. За уште едно лице се преземаат мерки за негово
    пронаоѓање. Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид и се
    расчистува и документира случајот, по што против инволвираните во овој случај ќе следуваат
    соодветни поднесоци“, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

    На оружената пресметка во Клиничката болница и претходела вербална расправија и тепачка
    која се случила дента околу 11 часот.

    „Триесет и петгодишниот тетовец Р. Т. вчера (11 јануари) во 15.35 часот  во СВР Тетово
    пријавил дека околу 11 часот, по претходна меѓусебна вербална расправија во објект на улица
    Илинденска во Тетово, физички бил нападнат од А. М. (41) од тетовско Гајре. Се расчистува и
    документира случајот“, се вели во денешното соопштение од МВР.

    Синоќа, д-р Бобан Вучески, дежурен лекар во Тетовската болница, кажа дека едниот повреден беше во покритична состојба.

    „Беше интервенирано од наша страна и со екипа од анестезија и реанимација е префрлен на скопските клиники. На вториот пациент, кој беше исто така повреден но во постабилна состојба, нашите торакални хирурзи му поставија торакален дрен за да се стабилизира, по што исто така е префрлен во скопските клиники Мајка Тереза“, рече синоќа д-р Вучески.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира