ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕТО КОЕ ГО СИМНА ЗНАМЕТО НА МПЦ ВО МАНАСТИРОТ НА ПОПОВА ШАПКА И ПОСТАВИ АЛБАНСКО ЗНАМЕ

    ПРИВЕДЕНО ЛИЦЕТО КОЕ ГО СИМНА ЗНАМЕТО НА МПЦ ВО МАНАСТИРОТ НА ПОПОВА ШАПКА И ПОСТАВИ АЛБАНСКО ЗНАМЕСторителите на социјалните мрежи објавиле и видео на кое се гледа како едно маскирано лице со дуксерка на која е амблемот на навивачката група „Балисти“ на ФК Шкендија од Тетово, го симнува знамето од јарболот во манастирот.(Фото: Принтскрин од надзорни камери)

    Вчеравечер свештеник пријавил во полиција дека било симнато знамето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија кое е поставено на јарбол во дворот на манастирскиот комплекс на Попова Шапка. Знамето било фрлено, а на негово место било ставено знамето на Албанија. Претседателот на Црковниот одбор на манастирот „Свети Наум Охридски-Чудотворец“ на Попова Шапка, го пријавил случајот во СВР Тетово, а за чинот на сквернавењето на црковното знаме постои и видеозапис од надзорните камери. Тетовската полиција брзо реагирала и само за неколку часови го привела сторителот.

    „Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер околу 23.30 часот по преземени оперативни мерки, за само два часа го идентификува и го лиши од слобода 33 годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека од јарболот на манастирот „Св. Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никого во верскиот објект, го симнал црковното знаме на Македонската православна црква-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија.  Ј.А. при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице. Случајот се расчистува и ќе следува соодветен поднесок“, соопштува портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

    Сторителите на социјалните мрежи објавиле и видео на кое се гледа како едно маскирано лице со дуксерка на која е амблемот на навивачката група „Балисти“ на ФК Шкендија од Тетово, го симнува знамето од јарболот во манастирот.
    Од црковниот одбор на манастирот информираат дека утрово поставиле ново знаме на Македонската православна црква-Охридска архиепископија на јарболот пред храмот.

    З.АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира