РАЗРЕШЕНИОТ СЕКРЕТАР НА ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ТУЖИ АРСОВСКА ЗА ИЗЈАВАТА ДЕКА ГО МЕСТЕЛ ТЕНДЕРОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА

    РАЗРЕШЕНИОТ СЕКРЕТАР НА ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ТУЖИ АРСОВСКА ЗА ИЗЈАВАТА ДЕКА ГО МЕСТЕЛ ТЕНДЕРОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦАВелковски ѝ даде рок од 48 часа на Арсовска да му се извини, во спротивно ќе поднесе тужба.(Фото: Град Скопје)

    Разрешениот секретар на Град Скопје Ѓоко Велковски ќе ја тужи градоначалничката Данела Арсовска за клевета откако таа кажа дека и тој учествувал во местење на тендерот за пречистителна станица во Скопје. Велковски ѝ даде рок од 48 часа на Арсовска да му се извини, во спротивно ќе поднесе тужба.

    На одржана прес-конференција од страна на градоначалничката Данела Арсовска се изнесени невистинити тврдења за факти штетни за мојата чест и углед, кои што потоа се пренесени преку соопштение до јавност од кабинетот на Градот Скопје. Ги отфрлам тврдењата дека на било кој начин сум работел несовесно и сум влијаел на процесот за избор на компанија за пречистителната станица. Се работи за клеветничка изјава која го нарушува мојот углед и чест. Оттука, а согласно одредбите од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, член 13 и 14, барам од Арсовска во целост да ја повлече изјавата и да се извини за невистините и лагите кои ги шири и со кои ја манипулира јавноста. Во спротивно, доколку не постапи по ова барање во законски предвидениот рок од 48 часа ќе поднесам тужба за утврдување граѓанска одговорност за клевета“, напиша Велковски на својот фејсбук профил.

    Арсовска во понеделникот го разреши Велковски и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Златко Перински оти не ѝ давале никакви информации во врска со тендерот за изградба на пречистителната станица во Скопје што отворила сомнеж кај неа дека постапката се мести.

    За секретарот до вчера бев најдобрата градоначалничка, а денеска откако го разрешив не чинам“, кажа Арсовска.

    Тендерот за изградба на пречистителна станица во Скопје за кој Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ е вреден 136 милиони евра и е финансиран од Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира