САЈБЕР НАСИЛСТВОТО КОН ЖЕНИТЕ ДА СЕ ЗАБРАНИ СО ЗАКОН, БАРА ЖЕНСКА ПЛАТФОРМА ОД БИТОЛА

    САЈБЕР НАСИЛСТВОТО КОН ЖЕНИТЕ ДА СЕ ЗАБРАНИ СО ЗАКОН, БАРА ЖЕНСКА ПЛАТФОРМА ОД БИТОЛАДа се стремиме насилството и дискриминацијата кон женета во сите форми да бидат забранети со закон и содветно третирани, активистките од платформата „Без дозвола“ промовирана во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Жените на социјалните мрежи секојдневно се соочуваа со говор на омраза, навреди, етикетирања, омаловажувања, а не се ретки ни заканите по нивниот и животот на семејствата. Работите мора да се менуваат од корен, кажаа членките на платформата од жени за жени наречена „Без дозвола“. Иницијативата за заеднички настап на жените против формите на родово базирано насилство, во што спаѓа и сајбер насилството, ја покренаа четири битолчанки докажани во нивните професи, Софија Ристевска, режисерка и сопственичка на „Интимен театар“, Маја Андоновска -Илијевски актерка и директор на Центарот за култура, Марија Магдалена Петковска-Микаровска професорка по англиски јазик и заменик-директорка во Медицинско училиште, позната по акцијата „Мети си со Класнето“, и Бисера Костадиновска-Стојчевска професорак по англиски јазик на Педагошкиот факултет, продеканка и кандидатка за пратеничка.

    „Немаме ништо против кога некој конструктивно ги критикува нашите професионални активности, но тешко е кога се мешаат семејства, деца, кога се добиваат закани по животот на најблиските, тоа веќе ги поминува сите граници. Жените кои нѐ контактираат велат дека ќе поднесуваат тужби, па размислуваме да се најде механизам за да им се помогне. Психичкото насилство не смее никој да го доживува“, рече Петковска-Микаровска.

    Дел од членките биле жртви на сајбер насилство од една иста личност, што било само една од причините да се здружат и да ја создадат платформата за одбрана на жената.

    „Вознемирува фактот што сѐ поголем број луѓе, сѐ почесто со скриен идентитет ставаат на тапет жени кои си дозволиле да работат за подобрување на местото во кое жиеват. Нештата мора да се менуваат од корен. Делувањето би го започнале од најмладите од формалното и неформалното образование“, рече Андоновска-Илијевски.

    Бисера Костадиновска-Стојчевска пред еден месец доживеала атак врз нејзината личност и семејството на Интернет, па одлучила да тужи.

    „Поднесов тужба за нарушување на приватност против личноста која од негов личен профил тоа го објави. Но, кога побарав против лажниот профил да поднесам правно дејствие го добив одговорот дека прво тоа е многу долг процес, патот е многу тежок, кој кому би му дал налог, па профилот може да згасне и да застане сѐ. Ова мора да престане да биде лавиринт. Сјабер булингот мора да има разрешница“, рече Костадиновска- Стојчевска.

    Покрај советодавната поддршка и проекти за заштита на жената, ќе се бараат и законски основи за решавање на проблемите.

    „Сајбер насилство е доведено до ниво на грозна појава во сајбер просторот. Ќе најдеме начин како да им се пружи психолошка и правна помош за заштита од говорот на омраза и дискриминација, но и со законски, правни регулативи. Да се стремиме насилството и дискриминацијата кон женета во сите форми да бидат забранети со закон  и содветно третирани“, рече Ристевска.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари