СЕ ДОГОВОРИВМЕ СО АРСОВСКА, ПАК ЌЕ ВОЗИМЕ НА ИСТИТЕ ЛИНИИ И ЌЕ НИ СЕ ИСПЛАТИ ДОЛГОТ, ВЕЛАТ ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИ

    СЕ ДОГОВОРИВМЕ СО АРСОВСКА, ПАК ЌЕ ВОЗИМЕ НА ИСТИТЕ ЛИНИИ И ЌЕ НИ СЕ ИСПЛАТИ ДОЛГОТ, ВЕЛАТ ПРИВАТНИТЕ ПРЕВОЗНИЦИПриватните превозници очекуваат кон крајот на март да се вратиме на улиците во Скопје. (Фото: К. Попов)

    Приватните превозници повторно ќе бидат дел од јавниот превоз, откако денеска постигнале договор со Град Скопје. Четврти месец тие не се дел од јавниот превоз оти Градот ги раскина договорите со нив. Велат дека сега нивните барања се исполнети. Најдоцна до понеделник ќе биде распишан нов оглас за сите линии кои досега ги одржуваа и во наредниот период ЈСП „Скопје“ ќе им го исплати долгот, за кој Арсовска велеше дека не постои.

    Сега линиите ќе бидат поделени во три пакети односно ќе настапуваме преку три нови фирми, а не преку ‘Слобода превоз‘ и ‘Макекспрес‘. Веруваме и дека ќе ни се исплати долгот затоа што откако настапивме со нови фирми сите барања ни се прифатени. Кон крајот на март очекуваме да се вратиме на улиците во Скопје“, вели Јовица Зафировски од приватните превозници.

    Зафировски додава дека Градот ќе им дава субвенции на превозници за да можат да набават нови еколошки автобуси кои ќе ги задоволат еколошките стандарди, бидејќи кај дел од превозниците возниот парк е застарен.

    Градоначалкничката Данела Арсовска изминативе изминативе месеци додека скопјани се соочуваат недостиг на автобуси сметаше дека не постои проблем. Постојано тврдеше дека има доволно автобуси на улиците, не признава дека автобусите се редуцирани туку дека ЈСП соодветно ги надополнувал приватните автобуси. Велеше дека новинарите шпекулираат и дека се бранеле приватните интереси наместо да се штити јавниот интерес. Таа три месеци одбиваше да се сретни со приватните превозници.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира