СЕ КОНТРОЛИРААТ ВЛЕЗОВИТЕ ВО БИТОЛА, ГРАЃАНИТЕ ДА КОРИСТАТ САМО ЛИЦЕНЦИРАНИ ТАКСИСТИ, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКА

    СЕ КОНТРОЛИРААТ ВЛЕЗОВИТЕ ВО БИТОЛА, ГРАЃАНИТЕ ДА КОРИСТАТ САМО ЛИЦЕНЦИРАНИ ТАКСИСТИ, КАЖА ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ПЕТРОВСКАНа такситите со лиценца поради коронавирусот наложено им е секојдневно да вршат дезинфекција на возилата и да носат заштитни ракавици и маска.(Фото: СДК.МК)

    Инспекторите од Општина Битола деновиве вршат засилени контроли на такси превозниците со цел граѓаните да се возат со лиценцирани, а не со диви превозници. На такситите со лиценца поради коронавирусот наложено им е секојдневно да вршат дезинфекција на возилата и да носат заштитни ракавици и маска.

    „Општина Битола ги информира граѓаните да користат лиценциран такси превоз, со истакната лиценца на возилата и истакнат ценовник со утврдени тарифи за цената на превозот. Со ова се спречува нелојална конкуренција, а исто така се заштитуваат патниците од таксистите кои не преземаат мерки“, рече градоначалничката Наташа Петровска.

    Воведен е и редуциран возен ред за автобускиот превоз, а во тек е дезинфекција на улиците низ градот. Од Општината велат дека две приватни компании донирале средстава за дезинфекција на улиците.

    Бидејќи Битола е печалбарски град и има голем број битолчани на привремена работа во странство, дел од нив се враќаат дома, па затоа СВР Битола врши контрола на возилата кои влегуваат во општината.

    „Одржан е состанок со началникот на СВР Битола, по дадениот извештај најодговорно тврдам дека целосно се врши контрола на движењето на лицата и возилата кои доаѓаат надвор од нашата општина по строго утврдени протоколи зададени од МВР“, рече Петровска.

    Таа апелираше до граѓаните кои се во самоизолација, задолжително да ги почитуваат мерките на 14-дневна самоизолација, ако не најригорозно ќе се прменат казните согласно Кривичниот законик.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира