СЕ ПРЕВРТЕЛ АВТОБУС СО ВРАБОТЕНИ ОД БИТОЛА НА ПАТОТ ЗА ДЕМИР ХИСАР, НЕМА ПОВРЕДЕНИ

    СЕ ПРЕВРТЕЛ АВТОБУС СО ВРАБОТЕНИ ОД БИТОЛА НА ПАТОТ ЗА ДЕМИР ХИСАР, НЕМА ПОВРЕДЕНИЗа да избегне удар со трактор, автобусот излетал од коловозот и се превртел. (Фото: СДК.МК)

    Автобус од Битола кој превезувал вработени од тутунска компанија излетал од патот и се превртел, но повредени нема, велат од СВР Битола за СКАМДАКАЖАМ.МК.

    „Во 14,25 часот пријавено е дека возач во автобус кој превезувал патници вработени во тутунска компанија на релација Драгоажани кон Демир Хисар, за да избегне удар со трактор излетал од коловозот и се превртел. Повредени патници нема пријавено, се врши увид“, рече портпаролката на СВР Битола Сања Стаматова.

    Во автобусот се воделе осумнаесетина патници од Битола и околните села, а ги превезувал автобусот од работните места кон дома.

    На местото не била повикана екипа на Брза помош.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира