ШИЛЕГОВ ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ВОДАТА НА РЖ УСЛУГИ КОИ ПЛАЌАА 2,5 ДЕНАРИ ПО КУБИК СО ДОГОВОР ОД 1970

    ШИЛЕГОВ ЈА ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ВОДАТА НА РЖ УСЛУГИ КОИ ПЛАЌАА 2,5 ДЕНАРИ ПО КУБИК СО ДОГОВОР ОД 1970Советот на Град Скопје денес по предлог на градоначалникот Петре Шилегов ја усвои одлуката за скалесто зголемување на цената во наредните 4 години, која сега изнесуваше 2,5 денари за кубен метар што е многу помалку од цената која ја плаќаат другите правни субјекти - 46,63 денари за кубен метар. (Фото:Град Скопје)

    Се зголеми цената на водата која РЖ Услуги ја плаќа на ЈП „Водовод и канализација“, за користење на питката вода во работењето.

    Советот на Град Скопје денес по предлог на градоначалникот Петре Шилегов ја усвои одлуката за скалесто зголемување на цената во наредните 4 години, која сега изнесуваше 2,5 денари за кубен метар што е многу помалку од цената која ја плаќаат другите правни субјекти – 46,63 денари за кубен метар.

    „Во 1970 година склучен е договор по основ на кој РЖ Услуги плаќаат само 2,5 денари без пресметан ДДВ за користење на питката вода. Фирмите користат 27 отсто од питката вода за ладење на нивните печки. Вакво нешто не е дозволиво. Најдобро решение ќе биде ако најдат техничка вода за нивните потреби. Предлагам скалесто зголемување односно оваа година цената да се зголеми на 11,65 денари за кубен метар, во 2019 на 22,75 денари, во 2020 на 34,20 денари и во 2021 на 46,63 денари за кубен метар. Со тоа во 2021 цената ќе се изедначи со онаа која ја плаќаат другите правни субјекти“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    Советниците на СДСМ во Советот на Град Скопје рекоа дека и изминатите години кога градоначалникот беше Коце Трајановски по нивно барање Советот донел одлука за корекција на ваквата привилегирана цена на водата, но таа одлука никогаш не била спроведена.

    Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски вели дека ваквото зголемување на цената на водата на РЖ Услуги ќе го подобри работењето на претпријатието.

    „Одлуката за цената која беше на сила досега била донесена на Управен одбор на претпријатието но никогаш не поминала на Советот на Град Скопје што ја прави незаконска. Во моментов Комисијата на ’Водовод и канализација‘ работи на предлог кој ќе биде доставен до Регулаторна комисија, цената на водата која ќе ја плаќаат скопјани да остане иста и во наредниот период. Трошоците кои ќе ги имаме со преземањето на пречистителните станици ќе ги покриваме со средствата од зголемената цена на РЖ Услуги и домаќинско работење на претпријатието како и новата систематизација која ќе биде донесена на лето, согласно насоките на Министерството за информатичко општество и администрација“, вели Весковски.

    За зголемување на цената на водата која ја плаќа РЖ Услуги гласаа и советниците на ВМРО-ДПМНЕ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира