ШИЛЕГОВ ЌЕ ГИ НОСИ БАНДИЌ И БУТАРИС НА ФИЛХАРМОНИЈА И „КВИН“ ВО ПАРК

    ШИЛЕГОВ ЌЕ ГИ НОСИ БАНДИЌ И БУТАРИС НА ФИЛХАРМОНИЈА И „КВИН“ ВО ПАРКПокрај градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, на концертот ќе бидат и градоначалчникот на Атина Јоргон Каминис, на Солун Јанис Бутарис и на Приштина Шпенд Ахмети. - Шилегов со Бандиќ; Бутарис (Фото: СДК.МК)

    Градоначалниците на Атина, Солун, Загреб и Приштина вечер ќе бидат дел од гостите на концертот на Македонската филхармонија во Градскиот парк во Скопје.

    Како што дознава САКАМДАКАЖАМ.МК на вечерашниот концерт на кој ќе се свират хитовите на групата „Квин“ на покана на градоначалникот Петре Шилегов ќе дојдат градоначалникот на Атина Јоргон Каминис, на Солун Јанис Бутарис, на Загреб Милан Бандиќ и на Приштина Шпенд Ахмети.

    Градоначалникот Петре Шилегов вчера најави дека вечерва на концертот ќе присуствуваат и градоначалници од регионот со кои ќе има и работна средба.

    На вечерашниот концерт во парк Македонската филхармонија, хорот на Македонската опера и балет и трибјут бенд од Србија ќе ги свират најголемите хитови на рок бендот „Квин“. Концертот почнува во 21 часот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира