ШИЛЕГОВ ДО КРАЈ НА МЕСЕЦОВ ТРЕБА ДА ОДБЕРЕ КОЈ ЌЕ ЈА ДОБИЕ ДРИСЛА, СУДОТ МУ НАЛОЖИ ДА ГО ПОВТОРИ ИЗБОРОТ МЕЃУ ИТАЛИЈАНСКАТА И ГЕРМАНСКАТА ФИРМА

    ШИЛЕГОВ ДО КРАЈ НА МЕСЕЦОВ ТРЕБА ДА ОДБЕРЕ КОЈ ЌЕ ЈА ДОБИЕ ДРИСЛА, СУДОТ МУ НАЛОЖИ ДА ГО ПОВТОРИ ИЗБОРОТ МЕЃУ ИТАЛИЈАНСКАТА И ГЕРМАНСКАТА ФИРМАВишиот Управен судот одлучил Градот да направи нов избор но меѓу двете фирми кои учествувале на јавниот повик уште пред 7 години. односно да изврши ново бодување на понудите на германската „Шолц“ и италијанскиот конзорциум ФЦЛ „Амбиенте“; - Шилегов на депонијата Дрисла при пуштањето на филтерот на печката за медицински отпад (Фото: Ѓ. Личовски)

    Град Скопје до 30 август треба го повтори изборот на концесионер за депонијата Дрисла меѓу германската фирма „Шолц“ и италијанскиот конзорциум ФЦЛ„Амбиенте“. Вишиот Упрaвен суд минатиот месец одговорил на жалбата која Град Скопје ја поднесе лани во декември, во која бараше целосно да се поништи постапката за избор на концесионер и депонијата да се врати на Градот за да може да се распише комплетно нов повик за избор на концесионер.

    Градоначалникот Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека Судот одлучил Градот да направи нов избор, но меѓу двете фирми кои учествувале на јавниот повик уште пред 7 години, односно да изврши ново бодување на понудите на германската „Шолц“ и италијанскиот конзорциум ФЦЛ „Амбиенте“.

    „На 30 јули ја добивме пресудата од Вишиот Управен суд по однос на нашата жалба, во која ни се наложува во рок од 30 дена да извршиме бодување меѓу двете фирми, односно да ја повториме постапката за избор на концесионер. Ќе постапиме соодведно судската одлуката, односно ќе формираме комисија која ќе изврши бодување на понудите на двете фирми“, вели Шилегов.

    Град Скопје во 2011 ја избра италијанската фирма „ФЦЛ Амбиенте“ за концесионер на Дрисла во наредните 35 години. Германски „Шолц“, второпласирана фирма на тендерот, двапати го обжалуваше договорот со италијанската фирма, по што Управниот суд пресуди дека поради неправилности во тендерската постапка треба да се склучи нов договор, но Град Скопје, додека градоначалник беше Коце Трајановски, повторно на двапати склучуваше договор со „ФЦЛ Амбиенте“.

    По повторната тужба на Германците лани во октомври, Управниот суд донесе одлука Град Скопје да го раскине договорот со Италијанците и да склучи нов со Германците. По оваа одлука, пред Нова година градоначалникот Шилегов рече дека ќе поднесат жалба до Вишиот Управен суд, во која бараа да се врати депонијата целосно во сопственост на Градот, па дури потоа да се бара нов концесионер кој ќе биде обврзан да воведе најсовремени технологии за третирање на отпадот и ѓубрето на Дрисла.

    Шилегов досега неколку пати изјави дека италијанскиот конзорциум изминативе 7 години нешто не вложил во Дрисла. Тие требаше требаше да направат нова постројка за индустриски и за медицински отпад, за селекција на отпадот, да  набават нова механизација и опрема, да изградат нов административен објект, како и да произведуваат струја од ѓубрето.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира