ШОФЕРОТ НА МИНИСТЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ СО СЛУЖБЕН „ПАСАТ“ ПАРКИРАН НА КЕЈ И КАЗНЕТ ВО ДЕНЕШНАТА АКЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ

    ШОФЕРОТ НА МИНИСТЕРОТ БУЈАР ОСМАНИ СО СЛУЖБЕН „ПАСАТ“ ПАРКИРАН НА КЕЈ И КАЗНЕТ ВО ДЕНЕШНАТА АКЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕКако што раскажуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК инспекторите, возачот одбил да го помести возилото и заработил казна од 50 евра.(Фото: СДК.МК)

    Шоферот на министерот за надворешни работи Бујар Османи попладнево бил паркиран на Kеј „13 Ноември“ во Скопје е еден од граѓаните кои денеска заработија казна.

    Инспекторите на Град Скопје го затекнале службеното возило на Министерството за надворешни работи на шеталиштето пред кафулето „Ајриш паб“. Како што раскажуваат за САКАМДАКАЖАМ.МК инспекторите, возачот одбил да го помести возилото и заработил казна од 50 евра.

    Зградата на Министерството за надворешни работи се наоѓа на само неколку метри од кејот односно од другата страна на Вардар. Пешки од зградата на МНР до кафулињата на кеј се стигнува за една минута.

    Инспекторатот на Град Скопје денеска спроведе акција за санкционирање на паркирани возила на Кеј „13 Ноември“. До попладнево пишани се триесетина казни. Од Градот информираат дека инспектори на кеј ќе има секој ден односно договорено е со Општина Центар еден ден да контролираат општинските инспектори, друг ден градските.

    „Ќе бидеме на кеј додека не се реши проблемот со непрописното паркирање и движење на возила низ шеталиштето“, велат од Градот.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира