ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ГИ ОТПУШТА ПОЛЕСНИТЕ КОВИД-ПАЦИЕНТИ ЗА ДА ГИ ПРИМА ПОТЕШКИТЕ СЛУЧАИ

    ШТИПСКАТА БОЛНИЦА ГИ ОТПУШТА ПОЛЕСНИТЕ КОВИД-ПАЦИЕНТИ ЗА ДА ГИ ПРИМА ПОТЕШКИТЕ СЛУЧАИИнфективното одделение прави обиди да ги смести новозаразените, а веќе примените пациенти иако се со еден, па дури и со два позитивни теста а имаат малку полесна клиничка слика, ги праќаат на домашна изолација само да се ослободи кревет за новите потешко заболени, вели директорот на Штипската болница Ален Георгиев; - Штипјани со маски. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Од петокот и викендов, пред Инфективното одделение во Штип повеќе пациенти кои имале симптоми на коронавирус и упати од матичните доктори чекаат да бидат примени, иако Одделението е веќе исполнето со максималниот капацитет за 55 болни.

    Вчера во Штип беа регистрирани нови 60 ковид позитивни.

    Директорот на Клиничката болница Ален Георгиев вели дека Инфективното одделение прави обиди да ги смести новозаразените, а веќе примените пациенти иако се со еден, па дури и со два позитивни теста, а имаат малку полесни клиничка слика, ги праќаат на домашно лекување и во самоизолација само да се ослободи кревет за новите потешко заболени.

    Според Марија Димитрова од Центарот за јавно здравје во Штип, вчера се земени 50 брисеви и се направени 30 епидемиолошки анкети. Загрижува што во Штип се јавува ново текстилно жариште, поради што нови две конфекциии ја прекинаа работата.

    Со 868 заразени со коронавирус на 100.000 жители Штип има најголема стапка на болни во државата.

    Клиничката болница во Штип која е од регионален карактер, од почетокот на коронакризата згрижува пациенти и од соседните општини. Деновиве се згрижуваат пациенти со ковид-19 од Општината Свети Николе каде се појави нов текстилен кластер, а од вчера помош побарале и пациенти од Радовиш кои доаѓаат од тамошниот Дом за стари лица. Симптоми на коронавирус имале двајца вработени и тројца жители во домот. Некои од нив биле препратени во Скопје.

    Текстилните фабрики се најголемите жаришта и во Скопје и Свети Николе. Во Скопје, од 73 регистрирани позитивни вчера, над 30 се во една текстилна фабрика.

    Скринингот во текстилната фабрика „Мода“, најголемата во Свети Николе, откри вкупно 53 заразени работници, од кои тестовите на осум позитивни работници пристигнаа вчера. Во скринингот во кој компанијата самата инвестираше беа опфатени вкупно 620 работници, а претходно 200 биле изолирани или седеле дома поради владините мерки за чување деца до 10 години, хронични заболувања или бремени жени. 80 отсто од заразените се асимптоматски, а потешките случаи се хоспитализирани во регионалните ковид центри во Штип и Велес.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира