ШВЕДСКИОТ КРАЛСКИ ИНСТИТУТ ИЗРАБОТИ ПРОЕКТ ЗА ЕКО ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ НА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА

    ШВЕДСКИОТ КРАЛСКИ ИНСТИТУТ ИЗРАБОТИ ПРОЕКТ ЗА ЕКО ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ НА БИТОЛСКАТА БОЛНИЦАПроектот беше денес презентиран во Битола, а го изработија од Кралскиот институт за технологии во Стокхолм, Шведска. (Фото: СДК.МК)

    Клиничката болница од Битола која досега се грее на мазут, во иднина ќе треба да добие еколошки систем за греење, ладење и вентилација преку хибриден систем со примена на соларна енергија и топлински пумпи, со што емисијата на јаглероден диоксид ќе се намали за една третина. Овој проект беше денес презентиран во Битола, а го изработија од Кралскиот институт за технологии во Стокхолм, Шведска, по иницијатива на невладината организација „Од рака на рака“ на Марија Росенгрен, наша хуманитарка во Шведска, а во соработка со Клиничката болница од Битола.роект беше денес презентиран во Битола, а го изработија од Кралскиот институт за технологии во Стокхолм, Шведска

    „Не само што нам во Битола и во земјава ни е познато дека имаме проблеми со загадениот воздухот, дека има загадувачки честички, туку ова е на светско ниво познато и во сите статистики пишува колку голем проблем имаме во Македонија и во Битола со загадувањето. Кога слушнаа во Кралскиот институт во Стокхолм дека ние работиме на овој проект, тие со гордост го воведоа во нивната програма уште минатата година“, рече  Росенгрен.

    Докторантот Нелсон Сомерфелдт на Кралскиот институт за технологија, најголем инженерски универзитет во Шведска, заедно со други експерти собраа податоци за енергетската ефикасност и начинот на греење во Болница, а годинава и лично направија мониторинг на објектот.

    „Одлучивме да вклучиме и студенти од Шведска во истражувањата за соларана енергија и топлински пумпи. Оваа технологија станува сè поприменлива со оглед на тоа колку евтина станува сончевата енергија. Кога се сончеви денови ќе може да се користи соларната енергија, а кога нема сонце на друг систем да работи, комбинирано е“, рече професорот Нелсон.

    Директорот на болницата Зоран Лазаров вели дека со години болницата се грее на мазут, а тие како раководство го наседиле овој систем. За да ја подобрат состојбата се одлучиле на ваков проект.

    „Со проектот се добиваат многу подобри услови за пациентите, персоналот и за градот Битола, зашто од страна на екологијата ќе биде идеален проект. Ова ќе биде голема корист за болницата, кога милион и пол денари плаќаме за струја и вода, а со овој проект нема да се плаќа грење, вентилација и ладење. Условите ќе бидат подобри и од финансиска гледна точка“, рече Лазаров.

    Следна фаза е изработка на техничка документација и аплицирање до фондови за наоѓање средства. Иницијаторите се надеваат дека финансии ќе се обезбедат од Светска банка, ако се успее во тоа, проектот ќе се импементира од март и за година и пол болницата ќе добие ново греење, ладење и вентилација. На денешната промоција беше посочено дека што поскоро треба да се формира државниот фонд за енергетска ефикасност и животна средина кој би било добро да се лицира во Битолскиот Регион.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира