СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВ КОНЦЕПТ НА ЈАВЕН ТРАНСПОРТ, НАРЕДНАТА НЕДЕЛА СО ВЛАДАТА ЌЕ ГО ДОГОВОРИМЕ ФИНАНСИРАЊЕТО, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

    СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ НОВ КОНЦЕПТ НА ЈАВЕН ТРАНСПОРТ, НАРЕДНАТА НЕДЕЛА СО ВЛАДАТА ЌЕ ГО ДОГОВОРИМЕ ФИНАНСИРАЊЕТО, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ„Сo премиерот Зоран Заев се договоривме информацијата на Град Скопје за нов концепт на јавен транспорт во однос на финансирањето да се разгледува на седница на Економскиот совет на Владата наредната недела“, вели градоначалникот Шилегов.(Фото: СДК.МК)

    Градоначалникот Петре Шилегов најавува дека ќе се воведе нов концепт на јавен транспорт во Скопје и веќе следната недела финансирањето ќе биде на седница на економскиот совет во Владата.

    „Во вторникот имав работен состанок со премиерот Зоран Заев на кој го претставив концептот за јавен транспорт во Скопје. Се договоривме информацијата Град Скопје да ја достави до Влада, па потоа да биде свикан Економскиот совет. Денеска ние ќе го доставиме нашиот концепт и во текот на наредната недела треба да биде ставен на разгледување на Економски совет во Владата за да се реши финансирањето. Очекувам дека Владата врз основа на договорот со премиерот ќе го помогне овој проект, а ние како Град Скопје сме подготвени веднаш да ја стартуваме реализацијата“, вели Шилегов, но одби да открие детали од предложениот концепт.

    Лани во декември Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК најави дека во Скопје ќе се гради трамвај, за што пари ќе добие од Владата. Тогаш тој кажа дека решение за трамвајската траса е изработено и дека реализалцијата на овој капитален проект треба да почне во 2019.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира