Десетина скршени дрвја и гранки стојат во паркот Аеродром во Скопје. Дрвјата беа искршени во неделата во невремето кои го зафати градот, и уште стојат на патеките и го попречуваат движењето на пешаците.
Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ два дена не успеале да ги отстранат скршените дрвја и гранки.
Во повеќечасовното невреме со силен дожд и град во оперативниот центар на Центарот за управување со кризи (ЦУК) на бројот 112 стигнаа околу 70 пријави, претежно за паднати дрвја во општините Аеродром, Гази Баба и Центар, како и за поплавени подруми и улици во Бутел и Ѓорче Петров.
Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов изјави дека сите пријави се пренесени на надлежни институции.
А. АНТЕВСКА