СО КОВИД-19 ЗАРАЗЕНИ 12 ЧЕШКИ ПОЛИЦАЈЦИ КОИ ЈА ЧУВАА МАКЕДОНСКО-ГРЧКАТА ГРАНИЦА

    СО КОВИД-19 ЗАРАЗЕНИ 12 ЧЕШКИ ПОЛИЦАЈЦИ КОИ ЈА ЧУВАА МАКЕДОНСКО-ГРЧКАТА ГРАНИЦАПолицајците биле без симптоми но откако излегле резултатите сите се ставени во карантин како и нивни колеги со кои имале контакт, вели д-р Сашко Олумчев од Центарот за јавно здравје од Гевгелија. (Фото: СДК.МК)

    Полицајци од чешкиот контингент кои се дел од мешаните полициски патроли на македонско грчката граница се заразени од ковид-19. Тие требало деновиве да заминат од Македонија и да се вратат во Чешка, но на скринингот било констатирано дека 12 од нив се позитивни на коронавирус.

    Како што соопшти д-р Сашко Олумчев од Центарот за јавно здравје од Гевгелија, полицајците биле без симптоми но откако излегле резултатите сите се ставени во карантин како и нивни колеги со кои имале контакт.

    „Овој кластер е веќе затворен, се знаат сите полицајци и нивните контакти. Она што нас не загрижува е секојдневните позитивни од Гевгелија кои се должат на недисициплина и непочитување на мерките и протоколите за заштита донесени од Владата. Очекувам и во наредните две недели да има стандардно новозаболени“,  рече д-р Олумчев.

    Засега не се знае каде ќе биде лекувањето на граничните полицајци од Чешка чиј мандат истекува и треба да бидат заменети со нови. Пред четири месеци исто така имаше заболени полицајци . Тогаш МВР кажа дека има доволно човечки ресурси да ги покрие мешаните полициски патроли во кои партиципираат повеќе држави.

    Во Гевгелија во моментов има 34 активни случаи на ковид-19 од кои седум се жители на Дојран, а 11 на Богданци.

    В. ТРАЈКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира