СО ТЕРАСАТА НА ГОСТИЛНИЦАТА „АМАНЕТ“ БЕА ЗАРОБЕНИ ДВЕ КАНДЕЛАБРИ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ, СОПСТВЕНИЦИТЕ НАЈАВУВААТ ТУЖБА

    СО ТЕРАСАТА НА ГОСТИЛНИЦАТА „АМАНЕТ“ БЕА ЗАРОБЕНИ ДВЕ КАНДЕЛАБРИ, ВЕЛАТ ОД ГРАД СКОПЈЕ, СОПСТВЕНИЦИТЕ НАЈАВУВААТ ТУЖБАОд Градот велат дека сопственикот на гостилницата спротивно од Правилникот за летни терaси метална конструкција која била прицврстена за плочникот со метална арматура.(Фото: К.Попов)

    Со летната тераса на гостилницата „Аманет“ во палатата „Емануел Чучков“ заробени беа две канделабри, па поради тоа било поништено одобрението кое го издале за поставување урбана опрема. Исто така сопственикот на гостилницата спротивно од Правилникот за летни терaси метална конструкција која била прицврстена за плочникот со метална арматура.

    „На 21 септември донесе решение за поништување на Одобрението за поставување на урбана опрема и Одобрението за вршење дејност надвор од деловен, издадени на барателот ДПТУ ‘Примес Ко‘.ДООЕЛ Скопје. Решението е поништено согласно извршен инспекциски надзор од Инспекторат на Град Скопје на 26 август при што е констатирано дека сопственикот има поставено метална конструкција предвидена за платформа за поставување на урбана опрема која е прицврстена за плочникот со метална арматура. Воедно, во склоп на металната конструкција се заробени две канделабри, кои не се прикажани во елаборатот за поставување на урбана опрема. За ова решение веднаш беа известени надлежните служби во општина Центар за натамошно постапување“, велат од Град Скопје.

    Од менаџментот на гостилницата „Аманет“ велат дека не се точни тврдењата на Општина Центар и Град Скопје дека терасата е дивоградба односно дека има добиено одобрение за поставување од Град Скопје.

    „Очекуваме дека општина Центар ќе се усогласи со град Скопје и ќе ги повлече наодите и решението за уривање на терасата. Во спротивно ќе мора на суд да платат сериозни суми на отштета за доведување во заблуда на правен субјект и за изгубена добивка“, велат од гостилницата „Аманет“.

     А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира