СО ТРЕТА ДОЗА КОВИД ВАКЦИНА ВО БИТОЛА ДНЕВНО СЕ ВАКЦИНИРААТ ПО 400 ГРАЃАНИ

    СО ТРЕТА ДОЗА КОВИД ВАКЦИНА ВО БИТОЛА ДНЕВНО СЕ ВАКЦИНИРААТ ПО 400 ГРАЃАНИВо Битола трета доза примиле 2.149 граѓани. (Фото: СДК.МК)

    Расте бројот на битолчани кои примаат трета доза вакцина против ковид-19. Според Министерството за здравство, досега трета доза на територијата на Центарот за јавно здравје Битола примиле 2.149 граѓани. Дневно во  Битола трета вакцина примаат во просек од 300 до 400 граѓани.

    На прашањето на кое место во државата е Битола по граѓани кои по трет пат се вакцинираа, од Министерството одговорија дека Битола е на втора место. На територијата на Центар за јавно здравје Скопје има 7.509 вакцинирани, па во Битола 2.149 и во Крушево 54 граѓани.

    Интересот за вакцинација беше голем и за првите две дози вакцини во Битола. Една доза имаат примено над 58 проценти од вкупниот број на население над 18 години во Битола. Според податоците на Министерството за здравство, до 20 октомври Битола беше на шесто место според процентот на ревакцинирани граѓани.

    Во Битола има 236 активни болни со коронавирус, но оваа есен бројот на смртни случаи е помал во споредба со претходните бранови на болеста.

    Ж.ЗДРАВКОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира