СО ВАКЦИНИРАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРОТИВ КОВИД-19 ЌЕ СТИГНЕМЕ ДО КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ, КАЖА ФИЛИПЧЕ ВО ОХРИД

    СО ВАКЦИНИРАЊЕ НА ДЕЦАТА ПРОТИВ КОВИД-19 ЌЕ СТИГНЕМЕ ДО КОЛЕКТИВЕН ИМУНИТЕТ, КАЖА ФИЛИПЧЕ ВО ОХРИДФилипче ја промовираше реконструкцијата на центарот за физикална терапија во болницата „Св. Еразмо“. (Фото: СДК.МК)

    „Имунизацијата на децата против ковид-19 е единствен начин да стигнеме до соодветен процент на колективен имунитет. Некои земји тоа вакцинирање го воведуваат како задолжително, односно нема да ги примаат децата на училишта ако не се вакцинирани. Тоа е политика во некои од западноевропските земји. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината. Во секој случај таа што е препорачана и е со дозвола е вакцината на ‘Фајзер’“, рече денеска во Охрид министерот за здравство Венко Филипче, кој присуствуваше на промоција на проектот „Реконструкција и опрема на современ центар за физикална терапија во болницата Св. Еразмо“.

    Филипче потврди дека вчерашните дијагностицирани во лабораторијата во МАНУ се последните случаи заразени со делта сојот на вирусот. Според него, засега потреба од рестриктивни мерки на границите и покрај тоа што сите заболени со делта сојот се вратени од странство. Многу земји во регионот, како што рече, и покрај рестриктивните мерки, како и Грција, имаат пораст на бројот на заболени.

    „Ќе разговараме оваа недела, чекаме да излезат публикации, информации поврзани со тоа како се однесува овој сој на вирус на луѓе кои се или не се вакцинирани. Токму затоа апелираме што поголем број на граѓани да се вакцинираат. После оваа мутација може да дојде некоја друга и светот не може генерално да функционира. Велика Британија едноставно ги попушта сите рестриктивни мерки. За конкретни наши препораки ќе се разговараме во текот на оваа недела“, изјави Филипче.

    Ограничувањето на протоколите го враќаат животот во нормала, смета министерот за здравство кој ја оцени моменталната состојба во земјава како стабилна.

    „Нема голем број на прегледи во болниците на пациенти суспектни на ковид и сметам дека некакви рестриктивни дополнителни мерки што се однесува на функционирање дали во затворени или отворени простори нема“, кажа Филипче.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира