СО ВКУПНО 5.000 ЕВРА ОСУДЕНИ ПОПОТ И ОСУММИНА ВЕРНИЦИ КОИ СКОКНАА ПО КРСТОТ ЗА ВОДИЦИ ВО БИТОЛА И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА ПОРАДИ КОВИД-19

    СО ВКУПНО 5.000 ЕВРА ОСУДЕНИ ПОПОТ И ОСУММИНА ВЕРНИЦИ КОИ СКОКНАА ПО КРСТОТ ЗА ВОДИЦИ ВО БИТОЛА И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА ПОРАДИ КОВИД-19Полицијата ги фати попот и осуммина верници од Битола, Прилеп и Демир Хисар додека скокаа среде пандемија по крстот на Водици во црквата „Света Недела“ во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Основниот суд од Битола ги прогласи за виновни свештениот Стефан Здравевски, протојереј во црквата „Св. Недела“ во Битола и уште осуммина верници од Битола, Прилеп и Демир Хисар кои за време на верскиот празник Богојавление – Водици во јануари годинава организирале и учествувале во верскиот обред фрлање на крстот во базенот во дворот на црквата, иако тоа беше забрането со мерките за заштита од ковид-19.

    Според судската пресуда донесена на 11 мај, попот кој го фрли крстот во водата се осудува на парична казна во висина од 100 дневни глоби од по 10 евра (615 денари) или вкупната паричната казна изнесува илјада евра (61.150 денари). Останатите верници кои скоканале да го фатат крстот ќе треба да платат сто дневни глоби од 5 евра (307,5 денари) или вкупно по петстотини евра (30.750 денари). Сите дветмина верници заедно ќе треба да платат 5.000 евра.

    Верниците беа судени за сторено кривично дело Непостапување според здравствените прописи во време на пандемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, оформено по поднесен предлог за издавање казнен налог на ОЈО Битола.

    Во пресудата пишува дека свештеникот и останатите верници, „за време на пандемија од глобални рамери определна со одлука на СЗО поради опасна зараза со ковид-19 не постапиле според Одлуката за избегнување на учество и организирање на верски обреди во периодот од 18.12 .2020 до 21.01.2021 година“. Нив на 19 јануари годинава во дворот на црквата „Света Недела“ во Битола ги затекнале полицајци како учествуваат во верскиот обред фрлање и фаќање на светиот крст.

    Ако обвинетите  глобите не ги платат во рок од 15 дена по правосилноста на пресудата, тие ќе се наплатат присилно, а ако тоа не е можно ќе се заменат со затвор така што за секоја дневна глоба е опреденен еден ден затвор. Сепак, обвинетите имаат право на приговор.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира