СТОТИНА ДЕМОНСТРАНТИ ПРЕД СОБРАНИЕ И ВЛАДА БАРАА МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО

    СТОТИНА ДЕМОНСТРАНТИ ПРЕД СОБРАНИЕ И ВЛАДА БАРАА МЕРКИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТООрганизатор на протестот е граѓанската иницијатива „Канцерогено општество“, која побараа власта да не ги прекинува краткорочните мерки како што е бесплатниот превоз и да ги вклучи граѓаните, невладините организации и експертите во наоѓање долгорочно решение за загадувањето.(Фото: К. Попов)

    Стотина граѓани денеска протестираа марширајќи од Собранието до Владата барајќи од надлежните мерки против загадувањето на воздухот. Учесниците протестираа со маски и пароли „Сакаме чист воздух“, „Ставете налепници на тешката индустрија“, „Неместо велосипед, купивме инхалатор“.

    Учесниците протестираа со маски и пароли „Сакаме чист воздух“, „Ставете налепници на тешката индустрија“, „Неместо велосипед, купивме инхалатор“. (Фото: К. Попов)

    Организатор на протестот е граѓанската иницијатива „Канцерогено општество“, која побара власта да не ги прекинува краткорочните мерки како што е бесплатниот превоз и да ги вклучи граѓаните, невладините организации и експертите во наоѓање долгорочно решение за загадувањето. Од иницијативата сметаат дека надлежните досега ништо не направиле за решавање на проблемот и дека поскапувањето на паркингот во деновите кога е загадено не е мерка, туку удирање по џебот на граѓаните, а сериозни чекори не се преземаат.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари