ТАЛЕСКИ ЈА ДОПЛАТИ КУЛТУРЊАЧКАТА ВОЈСКА НА БЕТИ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО

    ТАЛЕСКИ ЈА ДОПЛАТИ КУЛТУРЊАЧКАТА ВОЈСКА НА БЕТИ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТОOпштина Битола на чело со градоначалникот Владимир Талески за битолското културно лето „Битфест“ ги финансира проектите на најекспонираните директори, културни работиници и уметници на протестите на „За заедничка Македонија“ и на Граѓанско движење за одбрана на Македонија - ГДОМ (Фото: СДК.МК)

    Културни институции и фестивали чии први луѓе беа меѓу најгласните на протестите на „За заедничка Македонија“, како и други уметници учесници во протестите на Граѓанско движење за одбрана на Македонија (ГДОМ), се поддржани со проекти на битолското културно лето „Битфест“ кое го организира Oпштина Битола на чело со градоначалникот Владимир Талески. Паролите и тезите на овие движења беа во одбрана на политиките на ВМРО-ДПМНЕ додека беше владејачка и ги застапуваа ставовите што оваа политичка партија ги пропагираше во изминативе години на изразена политичка криза во земјата.

    Перцепцијата во јавноста е дека културњаците беа платеничка војска на ексминистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска за организираниот напад на Собранието, зашто многумина од демонстрантите, како и од организаторите на „За заедничка Македонија“, кои упаднаа во Парламентот на 27 април се културни работници, вработени или хонорарци во институции под надлежност на Министерството за култура кое ги троши народните пари од буџетот на Република Македонија.

    Директорот на Битолски тетатар Валентин Светозарев беше еден од најгласните говорници на протестите „За заедничка Македонија“ во Битола

    Така, годинава на „Битфест“ по петти пат ќе се одржи „Битола Шекспир фестивалот“, меѓународен проект на Народниот театар од Битола, чиј директор е Валентин Светозарев. Тој беше еден од најгласните говорници за време на протестите на „За заедничка Македонија“ во Битола. Фестивалот пет години со ред се одржува во рамките на „Битфест“, а годинава за него установата доби 1,8 милиони денари од Министерството за култура и 1,5 милиони денари од Oпштина Битола кои ќе бидат наменети и за други проеkти. Стартот на „Битфест“ годинава ќе биде токму со отворањето на Шекспировиот фестивал, утревечер во 20 часот во Народниот театар во Битола.

    Васко Мавровски беше еден од честите говорници на собирите „За заедничка Македонија“ во Битола

    Во рамки на „Битфест“ ќе се одржи и интернационалниот детски фестивал „Битолино“ по седми пат, во изведба на детската театарска школа „Бабец“ каде извршен продуцент е Васко Мавровски. И тој беше еден од честите говорници на собирите на „За заедничка Македонија“ во Битола.

    Актерот и директор на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп Петре Темелковски јавноста го препознава по неговите говори на протестите на ГДОМ и „За заедничка Македонија“ низ повеќе градови во земјава. На социјалните мрежи имаше бурни реакции кога Роберт Алаѓозовски своето прво официјално појавување како нов министер за култура го имаше на 10 јуни токму на отварањето на „Чернодрински“ на чело со Темелковски (Фото: МИА)

    Понатаму, пред битолската публика ќе се претстави и актерот Петре Темелковски со монодрамскиот спев „ Песни за татковината“. Јавноста го препознава по неговите говори на протестите на ГДОМ и „За заедничка Македонија“ низ повеќе градови во земјава. Темелковски, кој е активен во ГДОМ, е уметникот кој ги има добиено сите три државни награди кои обезбедуваат национална пензија, „11 Октомври“, „23 Октомври“ и „Климент Охридски“. Тој е 11 години директор и селектор на Македонскиот тетарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и ги има споено двата хонорари од овие две, некогаш разделени функции, па тоа изнесува околу 10 илјади евра годишно. Темелковски од Министерството за култура добива по минимум една монодрама во годината, проекти кои најмногу му лежат. На социјалните мрежи имаше бурни реакции кога Роберт Алаѓозовски своето прво официјално појавување како нов министер за култура го имаше на 10 јуни токму на отварањето на „Чернодрински“ на чело со Темелковски.

    Музичарот Сашко Савевски често говореше на протестите на ГДОМ во Битола

    На „Битфест“ фестивал „Хармониките“ ќе организира музичарот Сашко Савевски, кој често се појауваше и говореше на протестите на ГДОМ во Битола.

    Место за да ја презентира својата литература на „Битфест“ е оставено и за поетот Зоран Пејковски, кој исто така беше еден од говорниците на собирите на „За заедничка Македонија“ во Битола и Скопје.

    Поетот Зоран Пејковски говореше на собирите „За заедничка Македонија“ во Битола и Скопје

    „Цениме дека е многу значајно ‘Битфест’ да продолжи онака како што беше замислен. Имавме сугестии да се прават жири комисии и тие да ги оценуваат сегментите во мзуичкиот, ликовниот, театарскиот дел. Но, ценевме дека така би изгубиле во масовност и би изгубиле во време, а едноставно мислиме дека секој труд е вреден да се види и не си зедовме за право да ги оценуваме. Селекцијата е направена по квалитет на почетокот“, рече битолскиот градоначалник Владимир Талески на прес-конференцијата  за „Битфест“.

    Културното лето ќе трае до 26 август . Од музичките изведувачи ќе настапат Влатко Стефановски, „Нокаут“, „Памперси“, Димитар Андоновски, Сузана Турунџиева и други. Ќе има изложби, концерти, театарски претстави, четири изложби и дегустации на храна, документарни филмови.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира