Трет ден по ред дојава за бомба е стигната во скопската гимназија „Никола Карев“. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), пријавено е дека околу 14 часот на адресата за е-пошта на средното училиште стигнало закана за поставена бомба.
„Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштeто и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР и додаваат дека превентивно се евакуирани и другите средни училишта во Скопје.
Изминатите два дена во повеќе средни скопски училишта стигнаа е-пораки за поставена бомба, по што учениците беа евакуирани и наставата прекината.
Досега лицата која ги праќаат заканувачките пораки не се откриени, а министерот Оливер Спасовски рече дека имале првични индиции кои се испраќачите на заканите.
А. АНТЕВСКА