ТРЕТ ПОЧИНАТ ОД КОРОНАВИРУС ВО ШТИП, ПОСЛЕДНИОТ ПОЧИНА ПРЕД МЕСЕЦ И ПОЛ

    ТРЕТ ПОЧИНАТ ОД КОРОНАВИРУС ВО ШТИП, ПОСЛЕДНИОТ ПОЧИНА ПРЕД МЕСЕЦ И ПОЛДенеска во Штип се дијагностицирани само двајца новозаболени со КОВИД-19, 187 се активни. (Фото: СДК.МК)

    На Инфективното одделение во Штип денеска почина пациент со коронавирус. Од Клиничката болница соопштија дека станува збор 86-годишен пациент кој имал и воспаление на белите дробови.

    Со оглед на возраста, пациентот имал и коморбидитети, а бил хоспитализиран на 26 мај. Биле преземени мерки со препишана терапија, но утринава состојбата нагло му се влошила по што починал.

    Ова е трет случај штипјанец да почине од коронавирус, последниот почина пред месец и пол. Денеска Штип бележи драстичен пад на бројот на новозаразените, позитивни се само две лица, па сега 187 се активни.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира