ТРОТОАРИТЕ НА ЛЕНИНОВА ЌЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД КОЛИ, ОПШТИНА ЦЕНТАР ЛЕТОВО ПОЧНУВА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА

    ТРОТОАРИТЕ НА ЛЕНИНОВА ЌЕ СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД КОЛИ, ОПШТИНА ЦЕНТАР ЛЕТОВО ПОЧНУВА СО РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТАТротоарите на Ленинова сега се блокирани со коли или летни тераси на кафулиња. (Фото: К. Попов)

    Тротоарите и на скопската улица Ленинова ќе бидат ослободени од коли. Како и на улицата Орце Николов, каде во тек се градежните работи, и на Ленинова ќе се воведе нов режим на паркирање, велосипедски и пешачки патеки кои сега ги нема. Пешаците, мајки со колички и велосипедисти сега на Ленинова одат по коловозот оти тротоарите се блокирани со коли и летни тераси на кафулиња.

    Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека проектот за реконструкција на улицата е готов, распишан е тендерот за избор на фирма изведувач и наредниот месец се очекува да почнат градежните работи на потегот од булевар Партизански одреди до улицата Теодосиј Гологанов кај Клуб на пратеници.

    „Ова ќе биде прва фаза, а во втората фаза ќе се работи во делот на улицата во Дебар Маало. Сега таму не можеме да почнеме бидејќи во тек се градежни работи за реконструкција на Орце Николов. Проектот предвидува воведување паралелно паркирање, пешачки и велосипедски патеки, нова канализација, осветлување и урбана опрема“, вели Богдановиќ.

    Општина Центар во моментов работи на реконструкција на улицата Орце Николов која, како што вели Богдановиќ, треба да биде готова наесен.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира