СО ЦРТЕЖИ И САКСИИ ЦВЕЌЕ ГО БЛОКИРАА ПАТОТ ВО БИТОЛА ЗА ДА ГИ СПАСАТ ДРВЈАТА ОД СЕЧА

    СО ЦРТЕЖИ И САКСИИ ЦВЕЌЕ ГО БЛОКИРАА ПАТОТ ВО БИТОЛА ЗА ДА ГИ СПАСАТ ДРВЈАТА ОД СЕЧАНа саксиите и до дрвјата бележени за сечење заради изградба на кружен тек битолчани ставија транспаренти „Битола те моли не сечи го боли“ (Фото: СДК.МК)

    Иако Oпштина Битола времено се откажа од сеча на дрвјата спроти поранешната Ветеринарна станица, битолчани вчера попладне со цртежи и саксии цвеќе ја блокираа сообраќајницата каде требеше да се гради кружниот тек. На саксиите и до дрвјата бележени за сечење ставија транспаренти „Битола те моли не сечи го боли“. Граѓаните на овој симболичен начин сакаа да покажат како се брани зеленилото во градот кој веќе подолго време се соочува со енормно аерозагадување.

    Присутните на протестот изразија надеж дека Општината целосно ќе се откаже од сечење на дрвјата во паркот кој опстојува 45 години за да изгради кружен тек. Тие се побунија против проектот зашто требаше да останат без зелениот појас пред нивните згради, кој пак ги заштитува од прашина, загадување и бучава. По протестите што ги организираа во изминатите денови, од Општината изјавија дека проектот ќе оди на ревизија.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира