УБИЕНА Е ЖЕНА ВО ОХРИДСКОТО СЕЛО ВЕЛГОШТИ, ЕДЕН ПРИВЕДЕН ЗА УБИСТВОТО

    УБИЕНА Е ЖЕНА ВО ОХРИДСКОТО СЕЛО ВЕЛГОШТИ, ЕДЕН ПРИВЕДЕН ЗА УБИСТВОТООсомничениот за убиството е од Охрид, а е приведен во Струга, соопшти полицијата (Фото: СДК.МК)

    Едно лице синоќа е приведено во Струга, по вчерашното убиство на 47-годишна жена во охридското село Велгошти. Убиството се случило во 16 часот и 37 минути, во куќата на убиената.

    „Во полициската станица во Охрид добиено е телефонско известување за казнено дело убиство извршено врз Б.П. (47) во нејзината куќа на улицата Илинденска во охридското село Велгошти. По преземени мерки, синоќа во 21 часот во Струга приведено и лишено од слобода е едно лице од Охрид по што, во консултација со Јавен обвинител ќе бидат преземени понатамошни мерки за целосно расветлување на случајот. По наредба на Јавен обвинител, денеска, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција” , ни изјави портпаролот на СВР – Охрид Стефан Димовски.

    Неофицијално низ Охрид се зборува дека жената била убиена на многу свиреп начин, непознат во аналите на криминалните случувања во градот. Полицијата засега не дава информации за начинот на кој е извршено убиството. На местото на настанот, извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид како и полициски екипи од СВР Охрид.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира