УЛИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ВИКА АКИ РАХИМОВСКИ, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА

    УЛИЦА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ВИКА АКИ РАХИМОВСКИ, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКАГрадоначалничката Арсовска синоќа најави дека ќе предложи Советот на Град Скопје да донесе одлука, улица да биде именувана според легандарниот македонски пејач.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Улица во центарот на Скопје ќе го носи името на Аки Рахимовски пејачот на групата „Парни Ваљак“, кој почина на 22 јануари.

    Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска синоќа најави дека ќе предложи Советот на Град Скопје да донесе одлука, улица да биде именувана според легандарниот хрватски пејач со македонско потекло.

    „Како градоначалник на Град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски“, напиша Арсовска на својот фејсбук профил.

    Рахимовски вчера беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме. Рахимовски, кој е роден во Ниш, но пораснал во Скопје, беше испратен на последното почивалиште со македонската народна песна „Зошто си ме мајко родила“, која му била една од најомилените.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира