УПРАВНИОТ СУД НЕ ДОЗВОЛИ ОТВАРАЊЕ КАЗИНО ВО МАЛА РЕЧИЦА, ПО ПРОТЕСТИТЕ НА ЖИТЕЛИТЕ

УПРАВНИОТ СУД НЕ ДОЗВОЛИ ОТВАРАЊЕ КАЗИНО ВО МАЛА РЕЧИЦА, ПО ПРОТЕСТИТЕ НА ЖИТЕЛИТЕУправниот суд донесе одлука со која не дозволува во објектот во Мала Речица, пред кој протестиравме, да се претвори во казино. Во одлуката стои дека овој објект не ги исполнува условите за да работи како казино, а од Општина Тетово добивме одлука дека објектот не може да се трансформира од стамбен во деловен објект како што барал инвеститорот, велат од Движењето против коцкањето (Фото: СДК.МК)

 

По големиот протест против отварањето казино во тетовска Мала Речица од почетокот на мај, Движењето против коцкањето објави дека конечно успеале да издејствуваат овој објект, во кој се предивидуваше да биде отворено казино, да не добие дозвола за работа за таа намена.

„Управниот суд донесе одлука со која не дозволува во објектот, пред кој протестиравме, да се претвори во казино. Во одлуката стои дека овој објект не ги исполнува условите за да работи како казино, а од Општина Тетово добивме одлука дека објектот не може да се трансформира од стамбен во деловен објект како што барал инвеститорот. Досега, во изминативе две години, против одлуката тука да се отвори казино сме поднеле голем број жалби и до Општина Тетово, до Управниот суд, УЈП, до Министерствата,  СВР Тетово. Со оваа најнова одлука на Управниот суд, конечно се исполни нашето барање. Ние сме им бескрајно благодарни на сите интелектуалци, професори, граѓански активисти и на народот за поддршката што ни ја дадоа“, изјави Џемал Абдиу од Движењето против коцкањето.

Бараме со Законот да се одреди дека објектите на сите казина, спортски обложувалници и игри на среќа треба да бидат оддалечени не 300 метри од најблискиот објект од јавен карактер, како што стои во сегашниот предлог, туку тие да бидат оддалечени 3 километри од последната куќа во населеното место. Исто така, бараме да се подготви национална стратегија за едукација за штетите што со себе ги носат игрите на среќа, а која ќе биде наменета за учениците, студентите и сите други граѓани во државата, велат од Движењето против коцкањето (Фото: СДК.МК)

Но активноста на Движењето не застанува тука. Тие најавуваат нови иницијативи и бараат нивните забелешки и предлози да влезат во Законот за игри на среќа кој треба наскоро да се донесе.

„Бараме со Законот да се одреди дека објектите на сите казина, спортски обложувалници и игри на среќа треба да бидат оддалечени не 300 метри од најблискиот објект од јавен карактер, како што стои во сегашниот предлог, туку тие да бидат оддалечени 3 километри од последната куќа во населеното место. Исто така, бараме да се подготви национална стратегија за едукација за штетите што со себе ги носат игрите на среќа, а која национална стратегија ќе биде наменета за учениците, студентите и сите други граѓани во државата. Изготвувањето на оваа стратегија треба да се обезбеди од дополнителни даноци со кои ќе се оптоварат игрите на среќа. Ние сакаме од Мала Речица во правец на центарот на градот да се дислоцираат сите казина и другите објекти каде се приредуваат игри на среќа. Ние не сме за затварања на казината, ние само сакаме да се почитува Законот“, рече Јуши Емурлаи.

Од Движењето најавуваат дека се во подготовка на уште еден протест, но овој пат од поголеми размери, во кој предвидуваат да се вклучат и граѓаните од другите градови на Македонија.

Според неофицијални проценки, во градот има повеќе од триесетина казина и околу 140 спортски обложувалници.

З. АНДОНОВ

Симнете ја мобилната апликација

©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира