УШТЕ 10 ПАЦИЕНТИ И ШЕСТ ВРАБОТЕНИ ВО БИТОЛСКИ „СЈУ РАЈДЕР“ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС

    УШТЕ 10 ПАЦИЕНТИ И ШЕСТ ВРАБОТЕНИ ВО БИТОЛСКИ „СЈУ РАЈДЕР“ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУСПозитивни на ковид-19 се половина од пациентите, односно со денешните десет нови случаи, заразени се 33 штитеници од вкупно 61.(Фото: СДК.МК)

    Коронавирусот се рашири во хосписот „Сју Рајдер“ во Битола. Позитивни на ковид-19 се половина од пациентите, односно денес се потврдени уште десет нови случаи, со што заразени се 33 штитеници од вкупно 61.

    „Од 46 досега обработени пациенти, 33 се позитивни. Денес се земени уште 15 брисеви и со тоа се направени тестови кај сите лежечки пациенти. Тие што се позитивни за среќа се со лесни симптоми, во стабилна состојба. Сите се изолирани и за нив се грижи персонал без симптоми. Уште на почеток ги откривме првите случаи и се надеваме дека ситуацијата ќе биде под контрола, но сепак ќе видиме како ќе се одвива, затоа што тоа се тешки болни, повозрасни, со многу коморбидитети. Под постојан надзор се и од доктор и од инфектолози од Клиничка болница“, рече Елизабета Крстевска, директор на Центарот за јавно здравје во Битола.

    Од персоналот земени беа седум брисеви, од нив шест се позитивни, но тие вработени се во изолација уште од викендот. И тие се со лесни симптоми и сите се на домашно лекување. Во следните два дена ќе се тестираат сите вработени, поточно уште 41 лице и доколу и меѓу нив има позитивни ќе бидат изолирани.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира