УСЛОВНИ КАЗНИ ЗА ПЕТМИНАТА КОИ САКАА ДА ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД СЕДИШТЕТО НА ДУИ ВО МАЛА РЕЧИЦА ПО ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКИОТ КОВИД-ЦЕНТАР

    УСЛОВНИ КАЗНИ ЗА ПЕТМИНАТА КОИ САКАА ДА ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД СЕДИШТЕТО НА ДУИ ВО МАЛА РЕЧИЦА ПО ПОЖАРОТ ВО ТЕТОВСКИОТ КОВИД-ЦЕНТАРНа протестите на 17 септември овие петмина беа приведени и им беше изречена мерка притвор. (Фото: СДК.МК)

    Петмина демонстранти, кои на 17 септември учествуваа во насилните протести по пожарот во тетовскиот модуларен ковид-центар во кој загинаа 14 лица, се осудени се на условна казна затвор од една година. Казната им е изречена денеска, на судењето кое се одржа во Основниот суд во Тетово. На Блерим Ахмеди (31) од с. Туин, Кичевско, Насер Белули (52), од Мала Речица, Џемал Садики (33), од с. Вешала, Тетовско и на Ветон Алити (33) и Арјан Шерифи (30) двајцата од Тетово, им се судеше за сторено кривично дело Напад врз службено лице за време на протестите.

    „Обвинетите ја признаа вината, а судот утврди казна затвор од една година доколку повторно го сторат делото во наредните три години. Воедно, судот ја укината мерката притвор“, изјави Бесник Асани, адвокат на првообвинетиот Блерим Ахмеди.

    За време на протестите од 17 септември, една група демонстранти се обиде да се пробие до седиштето на ДУИ во Мала Речица и таму да протестира, но беше спречена од полициските сили кои беа распоредени таму. При обидот да го пробијат полицискиот кордон дојде до инциденти со полицијата, врз која се фрлаше со камења и други предмети. Тогаш овие петмина беа приведени и им беше изречена мерка притвор.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира