ВЕЛЕШКИТЕ КАФЕАНИ ОСТАНАА БЕЗ КЕЛНЕРИ, ЗАМИНАЛЕ ДА РАБОТАТ НА ЈАДРАН

    ВЕЛЕШКИТЕ КАФЕАНИ ОСТАНАА БЕЗ КЕЛНЕРИ, ЗАМИНАЛЕ ДА РАБОТАТ НА ЈАДРАНВо Велес нема доволно ни такси возила оти возачите заминале да возат камиони во Германија (Фото: СДК.МК)

    Велешките угостители имаат проблем каде и како да најдат лица кои ќе работат во кујна, во кафеанитe, кафетериите, се пожалија тие на состанокот со градоначалникот Аце Коцевски за претстојната Питијада. Сите без исклучок го кажаа истото, дека се мачат да најдат работници.

    „Нема жени за во кујна, нема келнери. Се случува и некој од нас, од фамилијата да помага. Сите што беше ангажирани во кафеаните замина на Јадран, кој во Хрватска, некои во Црна Гора, во Велес останаа малкумина“, кажа сопственик на кафеана од Велес.

    Во средното училиште „Коле Неделковски“ има паралелка за угостители, каде за 34 слободни  места во првиот уписен рок  имаше 45 пријавени. Големиот интерес за ова тригодишно образование младите велешани го објаснуваат со план да заминат од земјава.

    „Со диплома за угостител можам да конкурирам за работа на брод, за работа во угостителски објект -ресторан, кујна во странство. Веднаш по завршувањето заминувам од Македонија“, вели еден од примените кандидати за угостители, иако има само 15 години.

    Неодамна велешани се пожалија дека во градот има проблем со такси превозот, се чека долго време за такси возило. Од такси здружението кажаа дека причина е што такси возачите заминале да возат камиони во Германија.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира