ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ОБЕСШТЕТИ ОВОШТАРИТЕ ОД ПРЕСПА СО 30 ОТСТО ОД ШТЕТИТЕ ОД ЛАНСКИОТ УРАГАН

    ВЛАДАТА ЌЕ ГИ ОБЕСШТЕТИ ОВОШТАРИТЕ ОД ПРЕСПА СО 30 ОТСТО ОД ШТЕТИТЕ ОД ЛАНСКИОТ УРАГАНОд невремето на 10 јули лани, кое беше прогласено за елементарна непогода, проследено со ветер налик на ураган со удари од 180 до 200 километри на час и силни врнежи од град и дожд, беа оштетени овошки на 400 хекари, а штети имаше по куќите и други објекти во Преспа. (Фото: СДК.МК)

    Владата на денешната седница одлучи дека во Ресен ќе исплати парична помош во висина од триесет проценти од износот на проценетите штети од невремето кое на десети јули лани ја погоди Преспа. Од невремето кое беше прогласено за елементарна непогода, проследено со ветер налик на ураган со удари од 180 до 200 километри на час и силни врнежи од град и дожд, беа оштетени овошки на 400 хекари, а штети имаше по куќите и други објекти во Преспа.

    „На денешната седница, членовите на Владата го разгледаа и усвоија збирниот извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините Македонски Брод и Ресен задолжувајќи го Министерството за финансии да подготви одлука за одобрување на средства од буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година за парична помош во висина од 30 проценти од износот на проценетата штета на Општина Ресен“, соопшти Владата.

    Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски на неговиот фејсбук профил изрази јавна благодарност и напиша дека со ова во голем дел ќе ублажи минатогодишната штета предизвикана од големото невреме во Преспанскиот Регион.

    Според проценките на овоштарите, околу 350 семејства во Преспа беа економски загрозени по невремето кое им ги оштети овоштарниците за кои имаше прогнози дека две години нема да го дадат потребниот род.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира