ВО ПРИЛЕП ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СЕКОЕ ВОЗИЛО, ОД УТРЕ СЕ ЗАТВОРА ГРАДСКИОТ ПАЗАР, ПО ДВАТА СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС  

    ВО ПРИЛЕП ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СЕКОЕ ВОЗИЛО, ОД УТРЕ СЕ ЗАТВОРА ГРАДСКИОТ ПАЗАР, ПО ДВАТА СЛУЧАИ НА КОРОНАВИРУС  Продолжува забраната за јавниот градски превоз, а од утре Градскиот пазар ќе биде затворен, откако денес беа потврдени првите два позитивни случаи на болни во Прилеп. (Фото: СДК.МК)

    Општина Прилеп ги заостри превентивните мерки во борбата со коронавирусот, откако денес беа потврдени првите два позитивни случаи на болни во градот. Продолжува забраната за јавниот градски превоз, а од утре Градскиот пазар ќе биде затворен.

    „Од денеска, ги засиливме контролите на автомобилите на сите четири влезови во градот, при што вршиме дезинфекција на секое возило. Бидејќи денеска во Прилеп беше пазарен ден, од раните утрински часови се вршеше контролиран влез и излез од Градскиот пазар. На влезовите беа поставени средства за лична дезинфекција, а на пазарџиите и на граѓаните им беа давани заштитни маски“, изјави градоначалникот Илија Јованоски.

    Денеска, со поголем интензитет се вршеше дезинфекција на улиците во градот. Истото ќе биде направено и во населените места во цела општина.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира