ВОЛОНТЕРИ ПРАВАТ ПОПИС НА ДРВОРЕДИТЕ ВО ДЕБАР МААЛО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ВОЛОНТЕРИ ПРАВАТ ПОПИС НА ДРВОРЕДИТЕ ВО ДЕБАР МААЛО

    Граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“ ги попишува дрворедите во Дебар Маало во строгиот центар на Скопје. Активисти од иницијативата, на доброволна база, ги бројат дрвјата, мерат колку се дебели, запишуваат во каква состојба се и на мапа ја забележуваат точната локација на секое дрво поединечно.

    Пописот доаѓа по неколкуте легални сечи во Центар, кога за потребите на Општината ЈП „Паркови  и зеленило“ сечеше дрвја за кои даваше објаснување дека се болни.

    Од Општина Центар тврдат дека нема масовна сеча туку дека се работи за сечење на само еден болен костен.

    Од Општина Центар тврдат дека нема масовна сеча туку дека се работи за сечење на само еден болен костен.

    „Малку е чудно како се појавуваат болни дрвја секаде каде што Општина Центар има градежни активности. Оставаат сомнеж објаснувањата и на Општината и на ’Паркови’, а токму Боемската улица не беше опфатена со досегашните пописи на дрвја во Дебар Маало. Попишани се само дрвјата на спорните парцели во државна сопственост, за останатите никаде не се заведени. Со сегашниот попис ќе се опфатат дрворедите на улицата Орце Николов, Ленинова, 29-ти Ноември, Илинденска, Рузвелтова, Раде Кончар, Ѓуро Ѓаковиќ, Коле Неделковски, Пиринска и Чедомир Миндеровиќ“, рече Никола Наумовски од „Плоштад Слобода“ кои се едни од најгласните заштитници на зеленилото од нови градби.

    Тој вели дека ако имаше попис на дрвјата, посебно на продолжението на Боемската улица, лесно ќе беше на општинарите да им се докаже дека не исекле едно, туку неколку дрвја. Пред десетина дена вториот дел од Боемската улица беше прекриен со исечени гранки и трупци, а од Општина Центар дадоа објаснување дека нема масовна сеча туку дека се работи за сечење на само еден болен костен. Најавија дека ќе го заменат со нов садник кој нема да биде прачка туку ќе има стебло од 30 сантиметри, а освен тоа најавија и дека ќе засадат нов дрворед со 18 костени.drva-debar-maalo-7237632

    Пописот на дрвјата ќе биде објавен на вебсајтот ГРАДЗАСИТЕ.МК каде што се веќе објавени досегашните пописи на дрвајата.

    Попис на зеленилото во Скопје најави дека прави и Град Скопје. Тој треба да заврши до крајот на годинава.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира