ЗА 10 ДЕНА 1.000 ГРАЃАНИ АПЛИЦИРАЛЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, НАЈМНОГУ БАРАЊА СЕ ОД КИСЕЛА ВОДА

    ЗА 10 ДЕНА 1.000 ГРАЃАНИ АПЛИЦИРАЛЕ ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ИНВЕРТЕРИ, НАЈМНОГУ БАРАЊА СЕ ОД КИСЕЛА ВОДАНа граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не повеќе од 62.000 денари.(Фото: К.Попов)

    Во текот на изминатите 10 дена во Град Скопје поднесени се 1.006 апликации за субвенции за инвертери, а остануваат средства за уште околу 4.000 граѓани. Најмногу барања за промена на начинот на загревање на домовите стигнале од жители на Кисела Вода 200, потоа Ѓорче Петров 166, Гази Баба 136, Бутел 118, Карпош 105, Аеродром 98, Чаир 87, Центар 63, Шуто Оризари 23 и Сарај 10 граѓани.

    Повикот ги опфаќа граѓаните кои купиле инвертер од први јануари до завршувањето на повикот на 30.11.2020 години или до денот на исцрпување на средствата. На граѓаните ќе им бидат целосно надоместени трошоците за набавка на инвертер уред, но не повеќе од 62.000 денари. Аплицирањето се врши само електронски, за да не се создаваат гужви пред барака 16 заради коронавирус.

    Граѓаните кои немаат можност за приклучок на парно греење, не можат да аплицираат за субвенции за инвертери доколку се грееле на струја. Од Град Скопје каде во петокот беше објавен повикот за субвенционира на целиот износ за купена инвертер клима до 62.000 денари, објаснуваат дека право на аплицирање имаат само граѓаните кои се грееле на дрва, јаглен или нафта и притоа треба да ја предадат печката.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира