ЗАЕВ ВО РАЦЕ ЈА ПОКАЖА ВОДАТА ВО СТРУМИЦА ПРЕЧИСТЕНА ОД ЕУ

    ЗАЕВ ВО РАЦЕ ЈА ПОКАЖА ВОДАТА ВО СТРУМИЦА ПРЕЧИСТЕНА ОД ЕУ„Со оглед на тоа дека сме најголемиот регион по раноградинарство, ова дефинитивно ќе нè стави на мапата на здраво и еколошко произвдство“, рече Заев на денешното отворање на станицата во Сачево. (Фото: СДК.МК)

    Пуштена е во употреба новата пречистителна станица во Струмица, чија изградба ја финансираше Европската унија. Премиерот Зоран Заев денеска пред евроамбасадорот Самуел Жбогар и дел од владините министри и претставниците на ВТЕ – членка на ЕВН групацијата од Австрија, со раце ја покажа чистата вода која во иднина ќе се слева во реката Струмица каде досега одеа фекалните води од градот.

    „Струмица за првпат добива пречистителна станица. Тоа беше најголема желба на струмичани. Со ова станица добиваме поздрава животна средина и почиста река. Со оглед на тоа дека сме најголемиот регион по раноградинарство, ова дефинитивно ќе нè стави на мапата на здраво и еколошко произвдство, рече Заев кој најави за идната година отворање на станици во Кичево и Радовиш.

    Изградбата на пречистителната станица во Струмица беше димензионирана на 10 милиони евра, а чинеше 6,5 милиони евра, средства кои ги додели ЕУ.

    Оваа современа станица значително ќе го подобри квалитетот на водата во реката која тече низ вашето земјоделско земјиште и ќе се елиминираат сите опасности од непричестената канализација. Овој проект придонесува кон економски развој и одржливост на животната средина,кажа Самуел Жбогар

    Станицата е изградена кај Сачево и таа ќе ги прочистува отпадните фекални води на Струмица и десетина населени места од општината.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира