ЗАТВОРЕНА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ВЕЛЕС ОТИ ИМА ПОМАЛКУ БОЛНИ ОД КОВИД-19

    ЗАТВОРЕНА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА ВО ВЕЛЕС ОТИ ИМА ПОМАЛКУ БОЛНИ ОД КОВИД-19Модуларната болница првите пациенти ги прими на 17 март. (Фото: СДК.МК)

    Модуларната болница во Велес наменета за болни од ковид-19 од денес е затворена. Болницата има 47 кревети и поради намалениот број болни на кои им треба хоспитализација, нема веќе да прима пациенти.

    „Сите пациенти на кои им е потребно болничко лекување, ќе се хоспитализираат во ковид-центарот на Инфективното одделение“, кажа д-р Елеонора Јованова, портпаролка на Општа болница Велес.

    Модуларната болница првите пациенти ги прими на 17 март. Пациентите кои биле позитивни, а се со негативен тест но имаат здравствени проблеми, како и досега ќе се лекуваат на тракт „Б“ од Интерното одделение.

    Во Болницата денес се хоспитализирани 14 пациенти, од кои тројца се потврдени позитивни, двајца се сомнителни и девет пациенти со негативен тест, но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се шест пациенти.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира