ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА НЕ СИ ГИ ПАЛАТ НИВИТЕ, ДА СЕ ЈАВАТ ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА ДА ИМ ИСПРАТАТ КАМИОН ЗА БЕСПЛАТНО СОБИРАЊЕ НА ОСТАТОЦИТЕ

    ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ДА НЕ СИ ГИ ПАЛАТ НИВИТЕ, ДА СЕ ЈАВАТ ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА ДА ИМ ИСПРАТАТ КАМИОН ЗА БЕСПЛАТНО СОБИРАЊЕ НА ОСТАТОЦИТЕЗемјоделците од скопските општини може да се пријават на телефонскиот број 071 395-395 и на вработените во Град Скопје да им ги остават своите податоци секој работен ден од 8 до 20 часот, а Градот по претходно утврден план и редослед, реонски, бесплатно ќе го собира растителниот отпад и ќе го одлага во депонија Дрисла.(Фото: Град Скопје)

    Земјоделците да не ги палат стрништата и нивите кои ги обработуваат, туку да се јават во Град Скопје, а тие ќе пратат екипи кои бесплатно ќе ги соберат остатоците. Градоначалникот Петре Шилегов денеска кажа дека Градот отвора телефонска линија 071 395 395 со цел да го елиминира палењето на нивите со што се предизвикуваат пожари.

    „До сега стрништата, плевелите и другите растителни отпадоци беа палени поради тоа што на земјоделците не им беше понудена алтернатива за одлагање на отпадот од бербата. Во соработка со градските претпријатија, УНДП и МДЦ-Ти.нет, спроведуваме кампања за едукација од штетните последици од палењето на стрништата и за прв пат ќе им понудиме решение на земјоделците за бесплатно одлагање на отпадот од бербата. Во период до 30-ти септември Градот Скопје ќе им биде на располагање на сите земјоделци кои имаат каков било отпад од берба и со наша помош, бесплатно истиот да го отстраниме од полињата како би се спречило негово палење“, рече Шилегов.

    Сите земјоделци од скопските општини може да се пријават на телефонскиот број 071 395-395 и на вработените во Град Скопје да им ги остават своите податоци секој работен ден од 8 до 20 часот, а Градот по претходно утврден план и редослед, реонски, бесплатно ќе го собира растителниот отпад и ќе го одлага во депонија Дрисла.

    „Сакам да ги потсетам земјоделците дека палењето стрништа е казниво со закон. До сега ваквите палења не беа санкционирани поради тоа што на земјоделците не им беше понудена алтернатива за овој вид отпад. Ќе се засилени инспекциските контроли на терен, ќе снимаме со дрон и соодветно ќе биде санкционирано секое палење на стрништа, плевели“, рече Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира