ЖИТЕЛИТЕ НА КАРПОШ ПРЕКУ ОНЛАЈН АНКЕТА ЌЕ МОЖЕ ДА ПРЕДЛОЖАТ ПРОЕКТИ НА ОПШТИНАТА ЗА 2021 ГОДИНА

    ЖИТЕЛИТЕ НА КАРПОШ ПРЕКУ ОНЛАЈН АНКЕТА ЌЕ МОЖЕ ДА ПРЕДЛОЖАТ ПРОЕКТИ НА ОПШТИНАТА ЗА 2021 ГОДИНАОпштината ќе спроведе и теренска анкета за да се добие уште појасна претстава за главните потреби и проблеми на граѓаните. (Фото: Општина Карпош)

    Жителите на Општина Карпош преку свои предлози можат да се вклучат во креирање на буџетот за 2021 година. Општината за таа намена креираше онлајн анкетен прашалник, преку кој сите жители на Карпош имаат можност да достават предлози, иницијативи и проекти за својата населба.

    „Општинските сектори и одделенија ги подготвуваат буџетските програми за 2021 година. Сите предлози кои се реално остварливи и постои финансиска можност за нивна реализација, ќе бидат земени предвид и интегрирани во буџетските документи. Планираме да спроведеме и теренска анкета за да се добие уште појасна претстава за главните потреби и проблеми на граѓаните“, вели градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев.

    Оваа година, анкетниот прашалник е дополнет со прашање за пандемијата и предлози на жителите за потенцијални нови активности, мерки, кои реално можат да бидат преземени од општината за намалување на последиците од ковид-19.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира