ШКОТЛАНЃАНИТЕ КУПУВААТ ИСЛАНДСКИ ДРЕСОВИ ЗА ДА ГИ НЕРВИРААТ АНГЛИЧАНИТЕ

    ШКОТЛАНЃАНИТЕ КУПУВААТ ИСЛАНДСКИ ДРЕСОВИ ЗА ДА ГИ НЕРВИРААТ АНГЛИЧАНИТЕ

    Шкотските фудбалски навивачи го преплавија производителот на исландски дресови со нарачки по победата на Исланд од 2:1 против Англија на Европското првенство во Франција.
    Аутсајдерот Исланд направи огромно изненадување, елиминирајќи ја Англија во осминафиналето на фудбалскиот турнир во Франција во понеделникот. Производителот на исландските дресови „Ереа“ вели дека работат во три смени за да излезат во пресрет на побарувачката од цела Европа, вклучувајќи илјадници и илјадници нарачки од Шкотска.
    „По победата над Англија имаме многу нарачки од целиот свет за исландскиот дрес. Но, убедливо најголем раст на нарачките имаме од Шкотска. Посебно од Глазгов и Единбург. Победата на Исланд беше прославена во Шкотска“, изјави Роза Сембронио, директорката на маркетинг во „Ереа“.
    Менаџерот за извоз Фрабрицио Тадеи, исто така, потврди дека има огромен интерес за исландските дресови.
    „Имавме огромна побарувачка откако почна Европското првенство, но по победата на  Исланд против Англија стана лудница. Имаме илјадници и илјадници нарачки од Шкотска, но и од цела Европа“, вели Тадеи.
    Шкотска не успеа да се квалификува на Европското првенство во Франција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари