СЛАВЕНИЧКИОТ ТАНЦ НА ГРИЗМАН Е ПОЗАЈМЕН ОД РАПЕРОТ ДРЕЈК

    СЛАВЕНИЧКИОТ ТАНЦ НА ГРИЗМАН Е ПОЗАЈМЕН ОД РАПЕРОТ ДРЕЈК

    Антоан Гризман имаше уште две прилики да ги покаже своите препознатливи славенички движења, откако со неговите два гола домаќинот Франција синоќа се пласираше во финалето на Европското првенство во фудбал.
    Со пеналот во првото полувреме и уште еден гол во второто полувреме во победата од 2:0 против Германија во Марсеј, неговиот вкупен број на голови на турнирот се искачи на шест, поради што Гризман повторно ги крена палците и малите прсти и правеше божемни телефонски повици во знак на прослава.
    Францускиот фудбалер откри дека неговите танцови движења се позајмени од канадскиот рапер Дрејк и видеоспотот за неговиот хит „Жешка линија“ (Hotline Bling). Гризман редовно ги прави овие движења кога постигнува голови за матичниот клуб Атлетико Мадрид, па се позната глетка во шпанската лига, кадешто францускиот напаѓач постигна 22 голови за тимот на  Диего Симеоне минатата сезона.
    Иако овие движења му доаѓаат природно кога е со тимот на Атлетико, од преголема возбуда заборави да заигра, кога постигна гол за Франција на Европското првенство на мечот против Албанија и првиот пат против Ирска во осминафиналето.
    „Танцувањето ми е од спотот на Дрејк за Hotline Bling“, рече Гризман кога го прашаа за препознатливите потези.
    „Го правам тоа секогаш кога постигнувам гол за Атлетико и требаше да го направам истото кога го дадов голот против Албанија, ама бев толку многу возбуден што заборавив. Истото ми се случи кога со мојот гол израмнивме со Ирска. За вториот гол се сетив.“
    Гризман речиси сигурно си ја обезбеди Златната копачка на Европското првенство во Франција, бидејќи има три гола повеќе од најблиските конкуренти, вклучувајќи го Португалецот Кристијано Роналдо, со кого ќе се соочи во финалето во Париз в недела.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари