УЕФА НЕМА ДА ОДРЖИ МИНУТА МОЛЧЕЊЕ ЗА ЖРТВИТЕ ВО ИСТАНБУЛ, БИДЕЈЌИ ТУРЦИЈА ИСПАДНА ОД ЕВРОПСКОТО

    УЕФА НЕМА ДА ОДРЖИ МИНУТА МОЛЧЕЊЕ ЗА ЖРТВИТЕ ВО ИСТАНБУЛ, БИДЕЈЌИ ТУРЦИЈА ИСПАДНА ОД ЕВРОПСКОТО

    Откако веќе беше критикувана за игнорирањето на терористичкиот напад во Орландо од 12 јуни, кога загинаа 49 лица, УЕФА реши да не го одбележи со минута молчење ниту синоќешниот терористички напад во Истанбул, во кој имаше 41 загинат и над 230 повредени.
    Француските медиуми објавија дека нема да има минута молчење во чест на жртвите во Истанбул на претстојните четврт-финални натпревари на Европското првенство во фудбал, кои почнуваат утре со дуелот Полска-Португалија во Марсеј.
    Според Европската фудбалска организација, минута молчење се предвидува само ако трагедијата е поврзана со фудбал или ако се случила во земја учесничка или во земјата домаќин. Правилата се донекаде разбирливи, но Турција беше учесничка на Европското првенство во Франција, иако испадна во фазата на групи. Дополнително, во репрезентациите што се уште учествуваат на Европското првенство има играчи кои настапуваат во Турција. Токму во португалската репрезентација, која игра утре, тројца од играчите, Бруно Алвес, Нани и Рикардо Кварезма играат за клубови од Истанбул.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари